Надлежниот регулатор за медиуми минатиот месец испраќа допис до сите државни медиуми во Пекинг, во кои бара од вработените да се подготват за полагање испит на темата, доколку сакаат да им бидат обновени прес лиценците. Главниот сомнеж е дека во следниот чекор истиот овој допис ќе биде испратен до сите новинари низ земјата, или како што изјавува еден новинар „од горе до долу, мислам дека никој нема да може да го избегне“.
Испитот ќе биде со лично присуство, не преку апликација, треба да биде спроведен во октомври, и ќе биде поделен на пет дела. Инаку не се очекува дека тестот ќе биде нешто посебно тежок, а примери за прашањата наскоро треба да бидат објавени на апликацијата „Изучувај го Ши“.
Тие што ќе паднат ќе имаат само уште една шанса да полагаат. За сега не се знае дали тестот ќе мора да се полага на секое обновување на новинарската лиценца.
Пред Ши тестот, новинарите пред добивање новинарска дозвола, беа тестирани колку ги разбираат „Марксистичките журналистички идеали“.