Вести

Женските ВИ агенти би биле помалку платени од машките

На околу 200 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани агенти на вепштачка интелигенција да им помагаат во извршување на различни задачи. Еден бил дизајниран како жеснко, другиот како машко. Иако на крајот биле оценети со иста оценка за способноста и помошта, кога дошќло да се платат, женската агентка останала покуса.

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Речник

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Морисеј вс. Гардијан

За време на концертот во Лос Анџелес Морисеј на сцена излегува со маичка (без ракави) на која е испишано „Fuck the Guardian“, објавува Гардијан.

Како Њујорк тајмс стана Фокс њуз

„Ако имате два различни комплети вести за еден ист настан, тогаш немате ниту еден“, пишува Мат Таиби во вонсериската анализа на медиумското покривање на операцијата ал-Багдади и како во ерата на Трамп, медиуми како Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и Си Ен Ен стануваат исти како Фокс њуз од ерата на Клинтон и Обама. Од Дежуловиќ па наваму, немаме сретнато толку прецизна, остра и здрава мисла како кај Мат Таиби.  

Пензиите се кошмарот на иднината

На светот му претстои финансиска катастрофа и овој пат не заради алчни банкари, берза или хипотеки, туку заради подискретен, но структурен проблем - пензии и кој ќе ги плаќа.

Брегзит ќе го доврши распаѓањето на Британија

Иако референдумот не создаде нови поделби туку само ги освежи старите, 3 години одолговлекување на почетокот на брегзит ги растури врските што ја држат Британија заедно, пишува Нил Ашерсон во колумна за Гардијан.

ЕУ си ја бара бељата

Човекот задолжен за буџетот на ЕУ смета дека Унијата треба да го скрати рекетот што и го плаќа на Турција за чување на бегалците од Сирија, притоа некако игнорирајќи зошто воопшто почнаа да плаќаат.

Што ренесанса виси во вашата кујна?

„Ругање на Исус“ е слика од 13-от век од италијанскиот ренесансен уметник Чимабуе, за која до пред некој месец никој немаше поим каде се наоѓа за на крај да биде откриена во кујна. Хепиендот е уште поголем бидејќи сликата требаше да биде продадена за околу 6 милиони евра. Стигна до многу повеќе.

Октоберфест загадува повеќе од Бостон

Годишниот аџилак на милиони луѓе од пивска вероисповест е и еден од настаните кои најмногу загадуваат на планетава, без притоа да се брои кој како стигнал до таму.

Реториката на Вељача се темели на сексизам и расизам

Реториката на Вељача потсетува на добата на инквизицијата само што сега извршител нема да биде црквата туку улицата. Толпата. Потполно се отфрла пресумцијата на невиност и веќе од вродените карактеристики (пол, боја на кожа, сексуална ориентација), на лице место се донесува одлука дали обвинетиот е виновен или не.

„Неталасањето“ е заштитено како бела мечка

Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.

Кои злосторници, освен Франко, се закопани во Мадрид?

Вчера беше конечното отстранување на останките на шпанскиот диктатор Франциско Франко од гробницата Долина на паднатите во Мадрид, но Ел Паис потсетува дека тоа не е единствениот диктатор што почива на мадридски гробишта.

Никако Германци да се откажат од стари навики

Во анкета што не е од 1936-та, над една четвртина од Германците се согласуваат дека Евреите „имаат премногу моќ врз економијата“, а над 40% сметаат дека Евреите „премногу зборуваат за Холокаустот“.

MME кој прв почна да истражува за Русија

Трамп и претходно се жалеше дека неговата кампања некоректно била мета на истрага околу наводна вмешаност на Русите во американските избори 2016. Сега откако истрагата против Трамп не успеа, тој ја впрегна сопствената администрација да открие чија нарачка била истрагата.

И богатите умираат, само многу подоцна

Како што вика познатата американска максима, во таа земја само две работи се задолжителни: да се плати данок и да се умре. Ако си богат, ова второто е со одложено дејство.

Најголемиот кошмар на САД: Кинези почнаа да купуваат кинеско

Уште пред драмата со американски брендови и ѕвезди (по најразлични основи) што се мешаат во кинеските проблеми околу Хонгконг, трговската војна меѓу Кина и САД почна да го буди шопинг-патриотизмот на Кинезите. Сега работите се влошени, за САД.

Ако Трамп победи во 2020, Фејсбук ви е крив

Откако императорот Закерберг обзнани дека на натпреварот за претседател 2020 ќе дозволи политичарите да лажат во предизборните реклами, една од поранешните вработени на Кембриџ Аналитика (и клучен сведок во нивните злодела низ светот) порача дека кампањата на Трамп ќе има значителен бенефит од ова.

Зошто НЕ-то на Макрон е првиот чекор кон трајно НЕ

Макрон беше единствен ЕУ лидер кој стави вето на почетокот на преговорите на Македонија за членство во Унијата. И многу е веројатно дека ова вето во блиска иднина ќе остане непроменето.

Машала бебево, тешко ко олово

Тестирале околу 170 производи од четири категории бебешка храна. Во 95% од нив нашле тешки метали, најмногу олово. Заради изложеност на овие неуротоксини од храната, новите генерации масовно губат IQ поени, загуба која на национално ниво се изразува во милиони. 

Калифорнија ќе добива узбуна за земјотрес пред да почне да тресе

Американската сојузна држава на трусниот западен брег лансираше систем за рана детекција на земјотреси и узбуна на населението. Луѓето на мобилен ќе добиваат предупредување 20 секунди пред да почне да дрма.

10 километри автопат до пеколот

Австралиската музичка легенда БонСкот ќе добие епски трибјут каков што заслужува кога десети километри автопат кај неговиот роден Перт ќе бидат затворени за дузина мини концерти на кои ќе пичат песни на AC/DC.

Италијанскиот парламент ќе укинува 350 столчиња

Мерката е комплетно бришење на една третина од претставничките седишта во италијанскиот парламент, а целта е заштеда на околу 1 милијарда евра во идните 10 години.

Волкот, дебелиот врат и пет кинески убијци

Трагајќи од старата кинеска мудрост „зошто да убиеш човек за пари, кога можеш да земеш пари и да му платиш на друг да го убие“, пет потенцијални убијци и еден нарачател завршуваат на суд во Кина.

Пудра за бебиња, по можност без азбест

Џонсон и Џонсон соочени со неколку тужби дека нивни производи им наштетиле на корисниците, одлучи дека сепак е најпаметно да ја повлечат пудрата за бебиња во која беа откриени траги на азбест.

Елон Маск нема динар во џеб

Истиот овој што треба да направи револуција кај автомобилите, истражувањето на вселената и искористувањето на Сонцето, самиот себе се прогласи за „финансиски неликвиден“.

Катар почна да лади, надвор

Периодов температурите во и онака претоплиот Катар достигнаа такви горештини што тамошните власти почна да поставуваат клима уреди на отворено.