По ново, американското министерство за правда утврди дека потеклото на истрагата на руското мешање во изборите сега ќе биде утврдувано како дел од криминална истрага.
Ставот на демократите е дека првиот човек на департманот за правда, Вилијам Бар, „го користи министерството за бркање на неиздржани теории на заговор кои може да бидат од политичка корист за републиканскиот претседател и да ја поткопаат истрагата околу Русија на Роберт Милер.“
Како дел од истрагата Бар побарал помош од австралиски и британски функционери, и два пати ја посетил Италија каде имал средби со тамошните тајни служби, за подетално да се распраша за луѓето спомнати во извештајот на Милер.
Во проверката ќе треба да се утврди и дали американските разузнавачки и безбедносни агенции делувале соодветно кога ги испитувале врските меѓу кампањата на Трамп и Русија, што на крај доведе до истрагата на Милер.
За Трамп сето ова време истрагата е лов на вештерки и измама, започната од американски функционери со цел да е поткопаат неговите шанси за освојување на Белата куќа.
Само неколку месеци откако ја преживеа истрагата на Милер, Трамп моментално е пред истрага за импичмент околу наводното вршење притисок врз украинскиот претседател да започне истрага против Џо Бајден.