Пред Закерберг да каже дека ќе го дозволи лажењето во кампањите, нареди листа мерки со кои Фејсбук ќе се бори против злоупотреба на социјалната мрежа од вештачка интелигенција која ќе детектира лажни сметки до инвестирање сериозни пари во безбедност.
Забелешката е што додека Закерберг го брани САД од надворешните закани, тој лагодно го прескокнува фактот дека „најголемата закана“ е од домашни извори. Верзијата на Закерберг е сосема поинаква, според него контролата на содржината на политичките реклами од Американците е нарушување на слободата на говор.
Британи Кајзер е поранешна вработена на Кембриџ Аналитика, и еден од најизложените ликови во подоцнежната постапка против компанијата. Како што таа објаснува „доставив над 100.000 документи до властите за да излезе на виделина вистината за неетичките кампањи за дезинформирање“ што во 2016 ги води Кембриџ Аналитика.
„Нашиот претседател беше избран со поддршка од кампањи кои избраа да одат по границата на нашиот правен систем, туркајќи ги рамките на говорот на омраза и дезинформации до степен кој вообичаено би се сметал за нелегален.
Поттикнување на расна омраза, на пример, би значел затворска казна за обичен човек, но е дозволен тој да се шири на Фејсбук и други социјални мрежи преку платени кампањи на политичарите и нивните симпатизери,“ пишува Кајзер.
Тоа што Фејсбук решава да биде само посматрач на кампањата според Кајзер значи дека ниту еден противник на Трамп нема да биде безбеден од навреди и клевети. Пример за ова може да се види во кампањата на Трамп против Бајден која веќе кружи по социјални медиуми, и е преполна со невистини. Заради невистините, СиЕнЕн реши дека рекламата е неприфатлива и таа нема да биде пуштена на телевизијата, додека во исто време на Фејсбук и Твитер истата имаше над 5 милиони прегледи.
Кога Кајзер работи во Кембриџ Аналитика, како директор за бизнис развој, компанијата е главна во ширење на лаги околу Хилари и одвраќање на демократските гласачи од излегување на избори. На ова се трошат рекордни 100 милиони долари. На пример една од мерките е да се утврди кои гласачи никогаш не би гласале за Трамп, и би го дале гласот само за Хилари. Следен чекор е на оваа група да и се испратат (преку реклами), колку може повеќе материјали со негативна содржина за Хилари и со тоа да се намали веројатноста за нивна излезност на изборите.
Иако Кембриџ Аналитика повеќе не постои, нејзините поранешни вработени и понатаму се активни во индустријата, а дел од нив веќе соработуваат со менаџерот на кампањата на Трамп, и тоа сега со многу повеќе пари на располагање.
Предупредувањето од Кајзер е дека ако Фејсбук го дозволи тоа, а го дозволи, истите мерки од 2016 за потиснување на излезноста на гласачите, дури и поуспешно ќе бидат искористени за изборите 2020.
„Демократите веруваат дека можат да го поразат Трамп по основа на политики, но вистината е дека Трамп и Фејсбук ќе го направат тоа невозможно - посебно затоа што алгоритмите на Фејсбук имаат тенденција да се наклонети кон типот на екстремни дезинформации кои кампањата на Трамп ги шири,“ порачува Кајзер.