Повод: Емисијата која ја подели Хрватска
*******
Јелена Вељача кај Алексадар Станковиќ во емисијата на ХРТ „Во недела во два“ несвесно ги откри вистинските цели кои стојат зад кампањата која ја покрена. На прв поглед позитивната акција #СпасиМе, насочена на помош на жените жртви на семејно насилство, доби сексистичко и расистичко лице.
Кога Станковиќ посочи некои познати критики кон американското #МеТоо движење кое Вељача очигледно сака да ја репризира во Хрватска, таа го нападна со зборовите:
„Вие сте бел хетеросексуален маж на позиција на моќ. Вие не разбирате дека мажите и жените, дури и да се на иста позиција на моќ, не се рамноправни. Тоа феминизмот веќе многу долго пробува да го каже. Не е исто дали „Во недела во два“ во води маж или жена.“
Ваква реторика е чудна и можеби шокантна за оние кои не ги следат случувањата последниве години на американската јавна сцена. Всушност, не е тоа ништо ново. Вељача буквално ја ископира реториката на модерниот лев феминизам кој форсира расизам, сексизам и многу други - изми како дел од истата борба.
Сè се врти околу привилегиите што е замислен концепт кој паѓа на кој било здраворазумски испит. Во Америка, која има прилично богата историја на опресија над црнците и борбата за правата на жените, тој концепт е донекаде разбирлив на историска основа, но кај нас некому да кажете дека е бел маж, во најмала рака е смешно.
Какви се вашите привилегии како бел маж во Хрватска? Статистиката вели дека веројатно ќе живеете 7 години пократко од просечната жена, дека имате 10 пати повеќе шанси да станете бездомник, петкратно повеќе шанси за повреда на работното место, во случај на развод имате 9-кратно помали шанси да ги добиете децата.
Тоа се вашите привилегии, драги бели хетеро мажи. Се чувствувате ли добро? И како тогаш еден таков, бел хетеро маж на позиција на моќ, воопшто може да го поставува прашањето за мотивот на жртвата? Ако таа е жена, тогаш таа не лаже.
Таквата реторика пред некои 5 години во САД доведе до повеќегодишен линч над маса луѓе. Некои од тие обвинувања, кои на порталите и социјалните мрежи се ширеа како чума, беа оправдани. Ама некои баш и не беа. Се најдоа поедини жени кои го искористија моментот да дојдат до слава, глумејќи жртва да добијат добра работа и попат да го уништат животот или кариерата на мажи на кои им се замериле од некои приватни причини. Шит хепенс, би се рекло, но кога судницата и правосудната постапка ќе ги замени улицата, или поточно, беспаќата на социјалните мрежи, тогаш срањата се случуваат многу полесно и почесто. Страдаат луѓе од крв и месо.
Во Хрватска конкретно, проблемот е во правосудството. Нашето правосудство функционира како и другите делови од јавниот сектор - ужасно, лошо и речиси никако. А тоа е срцето на секоја држава. Кога правосудството е коруптивно или неспособно и некомпетентно, тогаш државата не може да функционира. И луѓето тоа го чувствуваат.
Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ рече дека правосудството „треба малку да го слуша и народот“, што е најлошата можна изјава која може да ја даде врвно лица на некоја држава. Не, правосудството треба да биде потполно независно како би можело да донесе исправна одлука, во склад со законите и уставот, а не „да го слуша народот“. Народот е толпа, народот не може да донесува разумни заклучоци бидејќи толпата не е во состојба за тоа. Тоа би се претворило во линч.
Реториката на Вељача потсетува на добата на инквизицијата само што сега извршител нема да биде црквата туку улицата. Толпата. Потполно се отфрла пресумцијата на невиност и веќе од вродените карактеристики (пол, боја на кожа, сексуална ориентација), на лице место се донесува одлука дали обвинетиот е виновен или не.
Ако Станковиќ случајно беше хомосексуалец или црнец, ќе имаше ли тогаш поголеми права да ги подиспрашува мотивите на #МеТоо движењето? Јас да сум женско, ќе имав ли повеќе права да зборувам на оваа тема (за тоа колку ваквата позиција е контра просветителските идеи, види и кај Пинкер - н.з.)?
Вељача очигледно тргнува од предрасудите по кои мажите не можат да бидат жртви на насилство и сексуално малтретирање или дека тие се жртви во крајно мал процент. Меѓутоа, тие предрасуди веќе се побиени со низа на истражувања. Вистина е дека полициската статистика укажува дека насилството над жените е почесто но преку 200 научни истражувања утврдија дека мажите трпат семејно насилство подеднакво како жените, само што тие тоа многу поретко го пријавуваат тоа на државните органи. Оттука, нема никаква причина мажот да биде замолчен или исклучен од дебатата под изговор дека тој „не ја разбира проблематиката“ бидејќи е „привилегиран.“
Реторика која свои корени има во расизмот и сексизмот не може да оствари долгорочен успех. Вељача ги искористи недостатоците на хрватското правосудство во моменти кога граѓаните се лути на лошото правосудство, за да ги подметне сентиментите на постмодерниот фенинизам. Тој веќе е поразен во западниот свет бидејќи ниту мнозинството жени веќе не се сметаат за феминистки, особено кога водечки феминистички фигури излегоа со радикални антикапиталистички идеи. Долгорочно, тоа нема да пројде ни во Хрватска.