Станковиќ секогаш знаел да биде груб со прашањата за гостите, честопати вадејќи тези од калта на таблоидите и социјалните мрежи, зошто на Инстаграм се фотнала по бикини, или прашања од типот: Дали Јелена Вељача со својот активизам за женска рамноправност сака да му даде тежина на своето име кое главно се памти по медиокритетските сапунски серии кои неуморно ги снима? Најмногу го хејтаат за она негово прашање дали постои разлика меѓу удварање и сексуално вознемирување (а тоа не е тоа толку блесаво прашање, види во „Наскоро ќе одите на нотар пред да се залапате“).
А Вељача пак, ладна како февруари и прибрана сè додека ги декламира стандардите на каузуата за која се залага, ама штом наиде на незгодно, сфаќаш дека тука постои и друго лице. Елем, двајца луѓе кои не се согласуваат со нејзиниот поглед (Кетрин Денев и Славен Летица), таа мртва-ладна ги дискриминираше и дисквалификуваше на основа на нивната возраст (??). Од нас еден дислајк за она блесаво копи/пејстирање на поенти од западниот #MeToo. Кога, на пример, ќе каже „ти си бел хетеросексуален маж“. Јер, ене ги автохтоните црнкињи лезбејки од Хрватска, уште слават по Загорје за ваквата нивна одбрана.
„Густото“ почнува некаде на 25-30 минута.