168 производи од 13 големи американски брендови за бебешка и детска храна биле тестирани за присуство на четири токсични и главно канцерогени елементи: арсен, олово, жива и кадмиум.
Во 95 проценти од нив биле најдени траги од некој од овие тешки метали, а во 25% ги имало сите четири. Само во 9 од 169-те производи немало ништо од испитуваните елементи. Притоа, органските производи не се покажале како исклучок.
Била земена храна од 4 бебешки поткатегории: кашички, бисквити, житарки и овошни сокови. Тешки метали најмногу има во производите од ориз бидејќи растејќи во вода, тој може најмногу да апсорбира, особено арсен. Слични се и производите на база на коренести растенија како морковот и компирот.
„Родителите можат да им помогнат на своите најмали да внесат помалку олово и други тешки метали ако им даваат шаренолика и балансирана храна и ако им ги намалат количичини на сокови,“ вели доктор Скот Јелинек од една педијатриска болница.
Соковите се особено непотребни бидејќи за бебе до една година, овошните сокови немаат никаква хранлива вредност бидејќи им недостасуваат влакна а можат да придонесат до преголема тежина а подоцна и до расипување на забите.
Во испитуваната бебешка храна најчесто имало олово (во 94%), следат кадмиум и арсен и на крај доаѓа живата.
Овие четири метали се познати како неуро-токсини и можат да бидат сериозна закана за развојот на детскиот мозок и неговата интелигенција.
Една опсежна анализа на мрежата HBBF проценила дека американските деца од 0 до 24 месечна возраст кумулативно имаат изгубено 11 милиони IQ поени заради изложеност на арсен и олово од храната. 15 производи придонесуваат за над 50% од оваа загуба на интелигенција а производите од ориз стојат зад 20% од тоа.