Италијанскиот парламент ќе укинува 350 столчиња

Мерката е комплетно бришење на една третина од претставничките седишта во италијанскиот парламент, а целта е заштеда на околу 1 милијарда евра во идните 10 години.

Во иднина бројот на парламентарци ќе се намали од 630 на 400, а бројот на сенатори од 315 на 200. Реформата е едно од главните ветувања на движењето 5 ѕвезди, и треба да донесе поедноставување на работата на парламентот, како и заштеда на пари по основа трошоци и плати.

Критиката е дека вака разретчениот парламент ќе им даде поголемо влијание на лобистите и ќе ја ослаби демократијата.

Италијанската новинска агенција АГИ пресметала дека годишниот трошок за пратеник е 230.000 евра, додека за сенатор е 249.600 евра, со што заштедата на долниот дом на парламентот годишно ќе биде 52,9 милиони евра, а во сенатот 28,7 милиони евра.

Кратењето нема веднаш да стартува, туку ќе се почека до крајот на мандатот на оваа постава на парламентот и изборите во 2023.

22 октомври 2019 - 13:50