Системот се базира на една геолошка мрежа на сензори поставени на западниот брег на САД кои детектираат бранови и придвижувања пред да почне навистина да тресе.
Идејата е граѓаните и службите да бидат алармирани со пуш нотификации на мобилен телефон за што е изработена посебна апликација (MyShake). Преку посебна безжична мрежа, предупредувањата ќе бидат доставени до мобилните и онаму каде што нема мрежна покриеност со приоритети одредени според оддалеченоста на луѓето од епицентарот на земјотресот.
Узбуната ќе биде корисна и за службите: хирурзите да не почнуваат операции, возачите на јавниот транспорт да забават или застанат а соодветните оператори да изгасат струја или плин.
Вакви системи веќе има во други земји како Јапонија и Мексико и таму имаат спасувано животи. Кога јужно Мексико во 2018 година беше погодено од земјотрес со јачина од 7,2 степени, нивниот систем успеа да ги алармира луѓето дури 75 секунди пред да почне големото тресење.