Меѓу изјавите со кои се согласувале германските испитаници се и дека „луѓето ги мразат Евреите заради начинот на кој се однесуваат“ (22%), и дека „Евреите се полојални кон Израел отколку кон Германија“ (41%).
„Ова се клишеа, стереотипи, завист, ама исто така има и вистина во нив. Евреите се успешни. Што е тука проблемот?
Зошто Германците не се љубоморни што, како процент од популацијата, Евреите имаат далеку повеќе добитници на Нобелова награда? Зошто тоа никому не му пречи? Зошто секогаш проблемот се парите? Јудаизмот дава посебно значење на интелектуалната интелигенција и тоа значи дека Евреите често пати се многу успешни. Тие исто така работат и многу напорно, зошто некој не ги замрази заради тоа?
Ај вака размислете: се уште има преживеани од Холокаустот а Германците веќе се осмелуваат да вртат анти-семитски мисли - дури и да делуваат по таа основа. Тоа е неверојатно,“ изјавува рабинот од Келн, Јехиел Брункер.
Освен стандардната позиција дека омразата доаѓа од сиромашните Германци, анкетата покажала дека ова мислење го делат и 18% од елитите, анкетирани кои имаат најмалку една универзитетска диплома и заработуваат барем 100.000 евра годишно.