10 километри автопат до пеколот

Австралиската музичка легенда БонСкот ќе добие епски трибјут каков што заслужува кога десети километри автопат кај неговиот роден Перт ќе бидат затворени за дузина мини концерти на кои ќе пичат песни на AC/DC.

На 1 март 202 година, осум полу-трејлери ќе ја запоседнат јужната делница на автопат кај Перт, делница по која оригиналниот пејач на AC/DC,  Бон Скот, во младоста редовно одел на аџилак, од домот во Фримантл до збиорното место на рокерите во хотелот Рафлс.

Мобилните сцени ќе угостат дузина бендови кои долж тие 10 километри ќе свират исклучиво прeработки на AC/DC. Таа делница од автопат Канинг е овековечена во класикот Highway to Hell, песна од 1979 година инспирирана од најсмротоносниот дел на тој автопат, тогаш преполн со сообраќајни удеси со фатални последици.

Со бучните десеткилометарски свирки ќе биде затворен и уметничкиот арт фестивал Перт 2020 чиј креативен директор веднаш дошол до оваа идеја штом сфатил дека фестивалот затвора на денот на кој ќе се обележи 40 годишнината од смртта на Бон Скот кој почина на 33 годишна возраст.

Седум месеци подоцна, после над 200 состаноци со локални власти и транспортни и безбедносни инстанци, идејата е зрела за да се оствари.

 

22 октомври 2019 - 16:06