Според комесарот за буџет на ЕУ, Гунтер Оетингер, парите наместо на Турција треба да бидат пренасочени во Јордан и во Либан.
Неговиот став е дека на Турција веќе нема да и требаат толку пари затоа што активно работи на создавање на безбедна зона во Сирија, исто така познато и како воена офанзива против Курдите во Северна Сирија.
Освен тоа Оетингер потсетува дека до сега се дадени многу пари за изградба на училишта, болници и засолништа за бегалците, па заради тоа е намален бројот на капитални инвестиции на кои оделе фондовите.

Од 2016 до сега ЕУ за ставката помош за справување со бегалците, на Турција и има исплатено околу 6 милијарди евра. Претходно германската министерка за одбрана предложи во Северна Сирија да се оформи меѓународна заштитена зона за сместување на бегалците.
Инаку, Оетингер е член на ЦДУ на Ангела Меркел која во 2016 успеа да го убеди Ердоган веќе да не пушта бегалци накај Европа во замена за добри пари за нивно чување.