Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Во Европа никнува нова економска сила

Не толку одамна беа на самото дно на Европската унија. Денес се надеваат дека за 20 години ќе је престигнат Германија. Полска. У моме срцу. У моме срцу мазурка...

Над 300 луѓе номинирани за годинешната Нобелова награда за мир

На листата ја има Грета, ги има демонстрантите од Хонгконг, активистка од Саудиска Арабија за права на жените и уште над 200 поединци и 100 организации од цел свет.

Кинеска aрмија oд 100.000 патки

Паткини водови на смртта се сред обука во Кина пред да бидат распоредени во Пакистан како дел од борбата против наездата на скакулци што ја нарушува безбедноста во снабдувањето со храна во регионот.

Военото поле Њу Делхи

Над 30 лица загинаа во најсмртоносното религиозно насилство во Индија во последниве неколку децении, а делови од Њу Делхи и понатаму изгледаат како сценографија од граѓанска војна.

Дилерот што ги изгуби своите биткоини

Едно од правилата за чување биткоин е да гледаш шифрата за твојот новчаник да ја имаш само оф-лајн (за да не си под константен стрес некој да не ти упадне во лаптоп или телефон). Амандман на ова е да гледаш никој да не ти чачка по дома.

Без паника, веројатнo сите ќе фатиме коронавирус

Коронавирусот лесно се пренесува. И не е претерано смртоносен. Релативно мал дел од заразените ќе умрат. Коронавирусот значи е прилично сличен на грипот. Токму заради тоа, голема е веројатноста дека ќе се пренесе насекаде низ светот, и ќе стане уште една сезонска болест. Во иднина на зима ќе се пазиме да не фатиме настинка, грип или COVID-19.

Русија 24 ќе врти 13 милиони имиња на загинати советски војници во Втората светска војна

По повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, рускиот државен телевизиски канал Русија 24 ќе ги емитува имињата на околу 13 милиони советски војници што загинале во Втората светска војна. Заради обемот на списокот, емитувањето веќе е почнато.

Жителите на Хонгконг ќе добијат „илјадарче“ бакшиш од власта

На секој постојан жител на Хонгконг на сметка ќе му легнат по 1.200 долари (10.000 хонгконшки долари) мала пажња од властите, според кои целта на гестот е малку од малку да пркне локалната потрошувачка (а не дека пуштаат рушвет за народ пак да не им протестира).

Епл, машала

Фановите на Епл треба да бидат задоволни што успешно го помогнаа повторниот мал раст, но сепак раст на залихата на готовина на компанијата која сега изнесува 207,06 милијарди долари. Алал вера колку сте упорни.

Сиромашните ќе видат ќар од „Паразит“

Откако ги пукна глобален срам, јужнокорејските власти ќе им реновираат по дома на сиромашни семејства во Сеул кои живеат во подруми налик семејството од „Паразит“ за да ги унапредат нивните услови за живот,

Кутија цигари или полна кошничка храна?

Со години Австралија води на листата држави со најскапи цигари, па моментално, во просек, тутунскиот курс е 1 евро - 1 цигара (просечна кутија со 20 цигари чини 35 австралиски долари, што е околу 21 евро).

Британија ќе забрани деца под 12 години да играат фудбал со глава

Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска и Ирска ќе воведат нови правила за младинските категории според кои играњето со глава на тренинзи ќе биде забрането за сите играчи под 12 години.

Жена се сака и со измислено работно место

Поранешниот француски премиер, Франсоа Филон, пред суд треба да објасни како неговата сопруга заработила 1,1 милион евра од седење дома.

Бонг Џун Хо: Тешко е да се ослободиш од стравот

Повеќекратниот Оскаровец зборува за тоа колку долго време го окупира темата на класните разлики и како не е оптимист дека наспроти сите смартфони што сите ги имаме, клучните разлики и јазови меѓу луѓето ќе останат да важат и во генерацијата на неговиот син. За работата со актерите вели дека им ги поедноставува ситуациите, за да можат тие од прва емотивно да ги уловат.

Првата човечка жртва на рамноземјашите

Маж од Калифорнија чија намера била да лета до границата меѓу Земјата и вселената за да види дали планетава е округла (или рамна) загина откако неговата направи-сам ракета беше лансирана и по неколку секунди се струполи назад на Земјата.

Глупите билборди на Блумберг

Не затоа што Блумберг е единствениот кандидат од претседателската трка со кој Офф.нет имал проблеми па сега затоа го хејтаме, ама, стварно му се глупи.

Употребата и злоупотребата на етничките малцинства

Зошто западните елити некои малцинства ги сакаат повеќе од другите? Првенствено затоа што им се покорисни на елитите и им се попогодни за политичко менаџирање, да си ги одгледуваат за една долгорочна зависност.

Само свадба е спас од сиромаштија

Не дека ќе заработите од поклоните, туку според министер на 260 милионската Индонезија решението за сиромаштија во земјата е сиромашните да се земаат со богатите, веројатно претпоставувајќи дека на сиромашните никогаш не им текнало вакво нешто.

Фантазија е дека сите ќе возат електрични коли

Земјите од ЕУ и други држави од континентот имаат амбициозен план до 2035 да престане да продава дизел коли а до 2050 континентот да биде CO2 неутрален. Само што, ќе се најде ли толку струја за сите тие коли?

Веројатно најглупата остварена идеја за политичка кампања

Група која себе си се нарекува ПУТИН (Pigeons United To Interfere Now) ја презема одговорноста за појавата на гулаби што носат црвени МАГА капчиња (Make America Great Again) во Лас Вегас.

Немате поим колку многу е богат Блумберг

На пример, од вас до Трамп има неспоредливо помала разлика, отколку меѓу кусурот со кој располага Трамп и богатството на Блумберг.

Потрагата по неограничена и чиста енергија нè одведе три километри под земјата

Без да направат земјотрес (засега) на бушотина во Италија стигнале до една клучна геолошка граница меѓу тврдиот камен кој се наоѓа во горниот слој на Земјата и многу поразличниот состав под неа. Ако го најдат тоа што го бараат, во енергетска смисла, ќе најдат чисто злато.

Јегермајстер не е анти-христијански

Швајцарски суд донесе одлука по која 80 годишното лого на нивниот Пелинковац не е навредливо кон христијаните. Што значи дека крстот меѓу роговите нема ништо против нив а - додавеме ние - истиот може  да се толкува како предупредување дека ако фатиш да се инаетиш и да ѝ покажуваш рогови на пијачката, утредента само господ може да ти помогне.  

Пусти Спилберг

23-годишната ќерка на Стивен Спилберг објави дека почнала порно кариера (за сега соло), дека истата ќе ја надополни со стриптиз кариера, и дека татко и комплетно го поддржува нејзиниот избор.