„Што се случува кога сиромашните се земаат со други сиромашни? Ќе се зголеми бројот на сиромашни домаќинства. Ова е проблем во Индонезија,“ изјавил индонезискиот министер за човеков развој и култура, Мухаџир Ефенди.
Според негови бројки во Индонезија има околу 5 милиони сиромашни домаќинства, што е 9,4% од вкупниот број на домаќинства во земјата. Ако на оваа бројка се додадат и „речиси“ сиромашните домаќинства, ќе се добие бројката од вкупно 15 милиони домаќинства со ниски примања.
Заради сето ова тој побарал поддршка од министерот за религиозни работи во форма на фатва која ќе им нареди на сиромашните да бараат богати партнер(к)и за мажење / женење и обратно.
Бидејќи на народ кој се нашол во таква ситуација не можеш да му веруваш дека ќе заврши работа, министерот бара и воведување на програма за предбрачно сертифицирање која ќе одредува дали парот им доволна богати-сиромашни рамнотежа за да може да стапи во брак.
Предлогот срдечно бил пофален и од индонезискиот совет на улеми.