Извештајот за последниот квартал покажал дека Епл успеал купчето да го зголеми за еден процент во споредба со последниот квартал од 2019, кога имаше 205,9 милијарди долари. И покрај ваквите суми, купчето сепак е за 15% помало од пикот во 2019, кога пријави - 245 милијарди долари.
Сето ова благопријатно влијаеше на акциите на компанијата кои годинава пркнаа за 7% и над 100% во споредба со извештајот за првиот квартал од мината година.
Она што сега ги интересира инвеститорите на Епл е како коронавирусот ќе влијае на продажбата на компанијата во Кина, од каде доаѓаат 16,7% од приходите на компанијата во изминатите четири квартали.