Фантазија е дека сите ќе возат електрични коли

Земјите од ЕУ и други држави од континентот имаат амбициозен план до 2035 да престане да продава дизел коли а до 2050 континентот да биде CO2 неутрален. Само што, ќе се најде ли толку струја за сите тие коли?

Освен ЕУ, со таков план се раководи и, на пример, Велика Британија. Таа држава планира за 15 години да престане да продава дизел мотори што значи дека автомобилската ергела ќе треба да почне да се префрла на електрична енергија.

Државата во 2018 година имала потреба од 333 терават часови и речиси ништо од тоа не е потрошено на електрични возила. Ако престане да троши 11,6 милиони тони нафта и 17,1 милиони тони дизел колку што сега трошат автомобилите и другите лесни возила, од некаде ќе треба да најдат дополнителни 343 терават часови струја. 

Со други зборови, за да се електрифицира целата британска флота на автомобили, комбиња и моторцикли, на Велика Британија ќе ѝ бидат потребни дополнителни 343 теравати струја, што значи дека за само 30 години ќе треба повеќе од двојно да ги зголеми своите сегашни капацитети. А тоа е, во најмала рака, баш храбра идеја.

Многумина сметаат дека наместо тешко остварливи планови, треба да се промени пристапот кон проблемот. Сегашната опсесија со електричните автомобили го сведува проблемот со климатските промени на индивидуален лајфстајл и целата еко-ригорозност се сведува на тоа секој како поединец да биде „почист.“ Наместо тоа, фокусот можеби треба да биде ставен врз тешката машинерија и возила, автобусите и слично. Со тоа (во Британија) ќе се елиминираат огромни 7,6 милиони тони дизел годишно а замената ќе бара 90 терават часови струја, што и натаму е многу но е поостварливо отколку доминантната догма која притиска врз индивидуалниот корисник. 

„Електрични возила? Давајте, сè додека се евтини и брзи. Но, да не дозволуваме политичката класа нив да ги користи како смоквин лист за криење на нивната задна намера да ни донесуваат авторитарни 'решенија' за климатските промени", вели Џејмс Вудхујсен, професор по иновации на еден лондонски Универзитет.

*******

Слика од Србија: Тесла С сопрена од полиција, со полн багажник канти со бензин.

 

21 февруари 2020 - 15:36