Проектот е соработка меѓу руското министерство за одбрана и он-лајн базата „Сеќавање на луѓето“ која ја документира Втората светска војна. Од Русија 24 изјавуваат дека целта им е да се потсетат на сите херои од Втората светска војна без разлика на нивниот ранг или одликувања, и да создадат „објективен потсетник на вистинската цена на војната“.
Емитувањето на имињата започна на 23-ти февруари, што во Русија се слави како Денот на бранителот на татковината, и без престан ќе трае до 9-ти мај кога Русија го слави Денот на победата.
Во овој период програмата на Русија 24 продолжува без никакви рокади, освен што цело време од десна страна ќе има шлајфна на која ќе се вртат имињата со темпо од 100 имиња во минута.
Речиси секое руско семејство има загубено по еден член во Втората светска војна.