Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Закерберг има луѓе за дување под мишки кога е нервозен

Пред јавни настапи, како сведочење пред Конгресот, блиските соработници му дуваат под пазуви на Закерберг за да не му се познаваат кругови од пот, е извадокот од се уште не објавената ретко детална книга за Фејсбук за кој сите се фатија.

Зошто јапонските бизниси траат со векови

Во Јапонија постојат 33.000 фирми кои се постари од еден век а и други кои се далеку постари и од тоа. Тајната на нивната долговечност е што кај нив бизнисот не е само начин да се дојде до пари туку нешто што е поврзано со семејни вредности, култура и традиција. 

Бургер кинг по мувлата се познава

Не е ругање туку е дел од новата кампања на глобалниот синџир сендвичари во која гордо покажуваат дека нивните сендвичи можат да фатат мувла.

Жижек: Зошто Европа е најголемиот лузер?

Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.

Грците успеаа да ги вметнат мермерите од Акропол во трговските преговори околу брегзит

Меѓу ставките што ќе треба да се испреговараат за Британија да добие пристап до пазарот на ЕУ, по инсистирање на Грција беше додадено и враќањето во Грција на купот антички мермерни плочи што Британците своевремено го крадат од Атина.

Човек на човека е вегетаријанец

Покажувајќи духовна сталоженост карактеристична за човек што успеал да се оттргне од злото и отровите што потекнуваат од месојадната исхрана, хинду водач на своите следбеници им порача да се радуваат на коронавирусот, бидејќи тој е казната за сите што се не вегетаријанци.

Човек на човека е вегетаријанец

Покажувајќи духовна сталоженост карактеристична за човек што успеал да се оттргне од злото и отровите што потекнуваат од месојадната исхрана, хинду водач на своите следбеници им порача да се радуваат на коронавирусот, бидејќи тој е казната за сите што се не вегетаријанци.

И кравите минуваат низ пубертет

На Запад почнале да прават персоналити тестови на крави и тие им откриваат дека во еден период на својот живот, оној кој е поврзан со сексуалното зреење, тие се однесуваат и имаат симптоми кои можат да се именуваат како пубертет. Со други зборови, како што тоа веќе го знаат многу родители, не е лесно да се расте теле.

Сорос: Веднаш тргнете го Закерберг од Фејсбук ако не сакате Трамп да победи

Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.

Русија казнета со 50 милијарди долари заради премногу руско однесување

15-годишна правна битка меѓу Русија и сопствениците на некогаш најголемата руска нафтена компанија Јукос, судот во Хаг ја одлучи во корист на овие вторите, на кои руската држава сега треба да им исплати отштета од 50 милијарди долари.

Зошто скоро сите нови зарази почнуваат во Кина?

Зш Кинезот ќе окапе на сточен пазар, па ќе руча свежо заклана живина бидејќи таа му е каде-каде повкусна, а кога ќе се разболе, ќе реши да проба со акупунктура и магарешки трн. 

Иронијата на подемот на Берни Сандерс

Тоа што го прави Берни Сандерс толкава закана за демократскиот естаблишмент е дека тој се залага за тоа за што милиони демократи мислеа дека нивната партија сето ова време се залага.

Што прават денес раните ѕвезди на Јутјуб?

Сите почнале од забава и на сите им било забавно, сè додека не дојде ден кога ќе си кажеш дека е глупо секое станување да се црташ пред камера.

9 години по ослободувањето на Либија

На 17 февруари 2011 во Бенгази започнуваат протести против Гадафи кои подоцна ќе се рашират низ целата држава, ќе доведат до граѓанска војна, ќе привлечат странска воена интервенција, и како за крај ќе завршат со соборување и егзекуција на Гадафи. Само што, излезе дека тоа не беше крај.

Исис денес се поголеми отколку на почетокот

Откако Доналд Трамп се закатанчи за Иран и почна да им убива луѓе кои ефикасно го дератизираа просторот од тие лудаци, овие го искористија неочекувано подарениот тајм-аут и ги консолидираа редовите. Денес ги има двојно повеќе отколку кога го прогласија Калифатот.

Кина почна да дезинфицира и пари

Мерките на претпазливост од ширење на коронавирусот сега веќе ги опфаќаат и банкнотите што се во оптек во Кина кои подлежат на дополнителни мерки на дезинфекција, а во одредени случаи и палење.

Планот на Ердоган за пробивање нов „Босфорски канал“ во Истанбул

Кога прв пат ја споменува идејата во 2011 самиот Ердоган ја нарекува „луд проект“, на кој официјалното име му е Канал Истанбул, ќе чини 12,6 милијарди долари и ќе биде со должина на 45 километри.

Фли: Од љубов, а не од страв

Неодамна напиша мемоари а во интервјуто зборува како сфатил дека му недостига мајка му дури откако му станало јасно дека ја бара кај девојките. И за очувот кој бил и проклетство и благослов.

Кога Блумберг се надеваше дека сите се прислушувани

Човекот кој после слободниот пад на Бајден ѝ станува сè посимпатичен на партиската централа на Демократите а и медиумите тријат раце во очекување на неговиот куп пари во кампањата, една година после случајот со Едвард Сноуден има кажано дека „се надева дека НСА ги чита сите меилови“.

Да пишувало Моноспитово, којзнае што песна ќе беше

Роби Робертсон објаснува каква случајност ја покренува инспирацијата за една од најубавите песни на The Band. Погледнал во својата Мартин гитара а таму е запишано каде се изработуваат гитарите, во Назарет, Пенсилванија. И тргнало....

САД ќе тестираат како ќе ги биде без GPS

Пoтпирањето на навигациските сателитски констелации е клучно за многу индустрии како и за нaционалната и економска сигурност на државата. А нивните сигнали е релативно лесно да се пореметат.

Зошто Шерпаси се бунат против планот за чистење на Хималаите?

35.000 килограми отпад треба да биде симнат од Монт Еверест и уште пет други врвови на Хималаите, а начинот на кој тоа треба да биде направено не им е по мерак на Шерпасите.

Макрон: Имаме право на богохулење

И францускиот претседател конечно се вклучи во расправата која со недели држи тензии околу девојката која го навреди исламот.

О.Н. да запре со инсистирањето на масовна миграција

Барањето и предупредувањето е од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто според кого Обединетите нации трошат пари на олеснување на масовната миграција што претставува закана за „целото човештво“.