Операцијата ќе чини 7,5 милиони долари, и за тоа ќе биде ангажирана армијата. Минатата година тие успеваат од областа да исчистат 10.000 килограми отпад.
Критиката од Шерпасот Ками Рита (кој го има искачено Еверест рекордни 24 пати), е дека тие не се способни да ги достигнат највисоките врвови.
„Минатата година собираа ѓубре од пониските места. Треба да ги мобилизираат Шерпасите за да го расчистат ѓубрето од повисоките места.
Само Шерпа водачите и носачите можат да го постигнат тоа. Ним треба да им биде дадена соодветна компензација за расчистувањето на планините,“ изјавил Рита.
Шесте врвови опфатени со акцијата привлекуваат бројни планинари од цел свет, кои најчесто вишокот тежина во форма на празни боци за кислород, боци за плин, остатоци од храна, лименки и шишиња, ги оставаат покрај патеките по кои се искачуваат до врвот на планината.
Исто така на планината се оставаат и телата на планинарите кои загинале во обид да го искачат или да се симнат од врвот. Минатата година само на Еверест имаше 11 загинати. Телата се уште потешки за симнување, бидејќи заедно со мразот кој го имаат фатено тие знаат да тежат и до 150 килограми. Заради ова, на падините на Еверест има лешови и отпад кои таму се оставени со децении.