За време на конференцијата во Виена, Сијарто опоменува дека наместо средствата да се трошат на анти-тероризам, О.Н. финансира програми што ги поттикнуваат луѓето да ја напуштат својата татковина и да се преселат во западните држави.
„Мораме да ставиме крај на неодржливата состојба во која борбата против тероризмот не е дел од буџетот на О.Н.,“ напишал подоцна Сијарто на Фејсбук.
Коментарите на Сијарто се однесуваа на договорот на О.Н. од 2018 (Global compact for migration) кој иако не е легално обврзувачки врши притисок врз властите да ги следат неговите насоки. Своевремено предупредувањето од британската европратеничка беше дека договорот може да доведе до преплавување на Европа со 59 милиони бегалци во следните 6 години, додека холандскиот европратеник Марсел де Граф порача дека договорот ќе го олесни криминализирањето на секој вид критика на масовната имиграција како говор на омраза.