Приказната ја раскажавме овде а Макрон потсети дека во Франција богохулењето не е злостор за кој некој треба да одговара.
„Законот е јасен: имаме право да богохулиме, да критизираме, да карикираме ерлигии. Она што со закон е забрането е да се предизвикува омраза и да се напаѓа нечие човечко достоинство,“ потсети францускиот претседател залагајќи се државата и општеството поефикасно да ги штитат младите од новите форми на агресија кои се тркалаат онлајн.
Во исламските кругови на Франција има различни гледања на случајот. Некои велат дека Мила сега „го жнее она што го посадила“ но други порачуваат дека исламот мора да прифати и критики и дека никакви коментари не можат да бидат оправдување за закани со смрт.