Најбројна малцинска национална групација во Велика Британија се... Полјаците. Ги има околу 900.000 а многу други Британци се со полско потекло за што сведочат бројните полски презимиња. Па сепак. Полјаците нема да ги најдете во педантните државни статистики каде може детално да се информирате за црнците од Карибите, луѓето од Бангладеш, за Индијците, Африканците, Пакистанците.... Тоа е така затоа што политичките и интересни групи некогаш решиле државата статистички да следи само 18 препорачани етнички малцинства.
Често се аргументира дека расните малцинства заслужуваат посебен третман заради товарот на сиромаштија и дискриминација. Но, во време кога најдобро платена етничка група во Велика Британија се Индијците а 'белите Британци' заработуваат само нешто над националниот просек, тој аргумент не држи многу вода. Од друга страна, на островот нема подлога и за оној сентимент дека нечии предци биле искоренувани од нивните родни места и насила доведувани тука, како што е тоа случајот со Америка.
„Вистинската причини зошто одредени малцински групи се издвојуваат е затоа што се корисни - корисни за елитите, корисни за оние кои сакаат да им бидат лидери и корисни на други начини на кои други малцинства не можат да бидат корисни. Никој не може да има бенефит од тоа што ќе ги идентификува и ќе се повикува на бројноста на стотиците илјади вредни и аклиматизирани Полјаци. Но, затоа има многу пари ( и уште повеќе од тоа- политички капитал) во групацијата БАМЕ (кратенка од „Black, Asian, Minority Ethnic“ - н.з.). И затоа, Британија ја игра таа игра. Погледнете пошироко и ќе ви стане јасно дека БАМЕ е само име кои британските елити им го даваат на оние луѓе кои сакаат да си ги одгледуваат за долгорочна зависност“, пишува Салваторе Бабонес, професор по социологија на Универзитетот во Сиднеј и автор на книгата „Трамп, популизмот и тиранијата на експертите.“
И за САД важи тоа дека елитите имаат симпатични и помалку симпатични малцинства. Афроамериканци се омилени на белата елита која истовремено не покажува ни приближно слични сентименти кон Американците со кинеско потекло. Иако тие своевремено не биле буквални робови, во Калифорнија имаат претрпено слични нивоа на репресија како црнците на југот. Но денес, кинеските Американци не се хомогени и гетоизирани па не можат да бидат користени за некој добитна политичка кауза.
Иако Калифорнија уште во 1996 на референдум се реши да забрани каква било дискриминација на основа на раса, пол, боја етницитет или национално потекло во јавното образование, универзитетот во Калифорнија денес упорно бара начини како да го зголеми процентот на афроамерикански студенти на штета на оние со кинеско потекло.