Заклучокот од едно неодамнешно истражување е дека поранешните професионални фудбалери е три пати поверојатно да имаат заболувања на мозокот во споредба со луѓе кои не играле фудбал.
Па заради ова децата на возраст од 6 до 11 години повеќе нема да смеат на тренинзи да ја удираат топката со глава, а за оние на возраст од 12 до 16 години ќе се преземе постепен пристап. За ниту една категорија забраната нема да важи на натпревар.
„Ова надополнување преставува еволуција на нашите сегашни правила и ќе им помогне на тренерите и учителите да го намалат и отстранат репетитивното и непотребно играње со глава од младинскиот фудбал,“ изјавил првиот човек на англиската фудбалска асоцијација, Марк Булингем.
За студијата се анализирани здравствените досиеја на 7.676 поранешни фудбалери и 23.000 „цивили“. Меѓу бројките се открива дека фудбалерите било 5 пати поверојатно да умрат од Алцхајмер, 4 пати поверојатно да умрат од МНД (Motor neuron disease) и 2 пати поверојатно да умрат од Паркинсонова болест, отколку луѓето кои не се занимавале со овој спорт.
Истражувањето е ко-финансирано од Фудбалската асоцијација и од Асоцијацијата на професионални фудбалери. И двете асоцијации за секој случај нагласија дека резултатите не докажуваат дека удирањето фудбалска топка со глава ги предизвикало овие заболувања, туку само дека фудбалерите повеќе страдаат од овие проблеми. Тие исто така биле согласни дека играњето со глава не е ни приближно значителен дел од младинскиот фудбал, па затоа забраната нема да биде наметната на натпреварите во овие категории.