Во последната епизода од својата прескапа политичка кампања, Мајкл Блумберг реши да не му даде мир на актуелниот американски претседател на неколку теми. Сирија? Мигрантската политика? Генерирањеto криза со Техеран? Не, не и не. Блумберг го ремети Трамп затоа што не играл ферски голф и затоа што својот стек го јадел препечен.
Елем, во два американски града (Лас Вегас и Феникс) деновиве осамнаа билборди со предизборни плакати на Блумберг за кои не е јасно каква политичка цел треба да постигнат. Штабот на Блумберг извади вкупно 6 „креативи“, која од која. За стекот на Трамп, за неговото играње голф, за тоа дека имал помалку гласови од Хилари (а јасно е дека победи благодарејќи на електоралните гласови) и слично.
Блумберг досега во кампањата има потрошено 415 милиони долари, повеќе отколку што заедно имаат потрошено четирите водечки кандидати на Демократите.
Единствената линија што може да се извлече од оваа серија билборди е дека Блумберг не сака да се конфронтира со противкандидатите од Демократската партија туку оди директно на Трамп, надевајќи се дека на тој начин неговата кандидатура ќе добие на политичка тежина.
А можеби не сака затоа што на дебатните панели го прават партал а тој главно им стои како пињата. Тоа на скроз забавен начин го забележува основачот на Барстул спорт, Дејв Портној, кој вика дека дебата со Блумберг е како да се гледа епизода од Игра на тронови, кога пред очи ти егзекутираат некого.
„Како овој човек станал толку богат?“ се прашува Портној кај Такер Карлсон, иронично забележувајќи дека неговиот пример сепак може да биде инспиративен за многу луѓе, да поверуваат дека и да се глупи, можат да станат многу богати.
********
* За слатките недоразбирања меѓу нашата фирма и фирмата на Блумберг, види во: