Нобеловиот комитет објавува дека годинава е 4-та по бројност на пријавени кандидати за наградата. Најбројна и понатаму останува 2016 кога наградата ја доби претседателот на Колумбија, за неговата улога во ставање крај на 50-годишната граѓанска војна во земјата.
Тунберг со своите години ќе биде втора најмлада номинирана за наградата. Кога Малала во 2014 ја доби Нобеловата за мир, таа беше неколку месеци помлада од Грета.
Според правилата не се ограничува кој може да биде номиниран, бидејќи секој може, туку кој може да номинира, што е пообемен список на членови на меѓународни организации и влади низ светот.
Нобеловиот комитет бара од предлагачите да не ги откриваат имињата на лицето што го номинирале, и 50 години да го држат во таинственост нивниот идентитет. Не сите го почитуваа ова правило, па така освен гореспоменатите три за годинава се знае дека за мировната награда е номинирано и НАТО.