Пенелопе Филон нешто помалку од 10 години држи помошничка позиција, со полно работно време во францускиот парламент, позиција која во просек се плаќа околу 125.000 евра годишно. Пенелопе позицијата ја добива прво како помошничка на својот сопруг, а потоа таа продолжува со истото звање и по доаѓањето на неговиот наследник.
Истрагата открива дека Пенелопе никогаш нема стапнато во Националното собрание, ниту пак дека има „трага од какво било задолжение што треба да биде исполнето од помошникот иако Филон тврди дека неговата сопруга секојдневно му помагала околу меморандуми и говори.
„Секојдневни активности како одење на концерти или претстави, посетување на фестивали како семејство, посетување на супермаркет и носење на децата во училиште, дури и повремено да се среќавала со гласачите на Филон, или ако собирала информации за локалниот живот, не се дел од работата на помошниците,“ стои во обвинението против парот.
Освен ова во обвинението се наведува дека во периодот за кој зема плата (1998-2007 и 2012-2013), сопругата на Филон немала ниту распоред, ниту десктоп компјутер, ниту мобилен телефон или меил адреса поврзани со нејзината позиција во Парламентот.
Токму овие откритија во 2017 комплетно ја изместија кампањата на Филон за претседател на Франција, иако до тогаш беше главен кандидат за позицијата. По објавата на документите тој одби да се повлече од трката за на крај да загуби во првиот круг. Во вториот тогаш влегоа Макрон и Ле Пен.