Во неделата во северниот дел од Делхи се случуваат протести и контра-протести околу веќе некое време спорниот закон за државјанство. Од протестите прво излегува фотографија од муслиман претепан од толпа хиндуси со стапови.
Ваквиот развој на првично мирните протести ги мобилизира двете страни кои веќе неколку дена се обидуваат колку можат повеќе да си наштетат.
Во деловите од градот каде што се малцинство муслиманите почнаа и да ги напуштаат своите домови од страв од насилство, кои потоа беа пљачкосувани од демонстрантите.
Инаку, Индија е домот на втората по големина муслиманска популација во светот.
Во слични религиозни немири во Делхи во 1984, беа убиени над 3.000 сики верници од градот.