Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

РТ соборена од Анонимус

Рускиот телевизиски канал објави дека е жртва на „масовни“ сајбер напади од над 100 милиони уреди кои главно се наоѓаат во САД, објавува Вајс.

Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово

Се најавувааат дигитални валути издавани од централните банки. Звучи супер модерно додека не влезете во деталите: тие дигитални пари ќе можат да се програмираат, односно да се одредува на што ќе можете да ги трошите а на што не. Во суштина, тоа веќе не се пари кои ги имате бидејќи сте ги заработиле, тоа се купони /ваучери со кои државата ќе ве тренира да бидете граѓани по нејзина мерка.

Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев

Слично на вицот за видовњакот што не можел да предвиди дека ќе биде удрен од кола, првиот човек на германското разузнавање заглавил во Киев откако бил изненаден од руската инвазија на земјата.

Како може Русија да му врати на Западот?

По воведувањето санкции од Британија, САД и остатокот од Западот, новинарот на Космомолскаја правда  разгледува комплет од, како што тој ги нарекува, петте „пеколни“ санкции што според него Русија би можела да му ги наметне на Западот.

Вашингтон и Киев ја стеснија Украина

Русија и Украина можеа да ги средат односите како САД и Канада ама некому му одговараше да флертува со украинските нацисти за Украина да биде монокултурна, милитаризирана и трајно непријателска кон Русија, пишува поранашен амбасадор на Австралија во Полска. Путин, Макрон и Шолц бараа излез но не можеа да ја спречат будалестата решителност на Вашингтон и Киев да се испровоцира руската мечка. 

Тринаесетмината синови од Змискиот остров

Додека уште не се забрефтани битките за одбрана/освојување на стратешките воени и урбани центри на Украина, сред Црното море на едно сосема небитно парче земја познато како Змискиот остров 13 украински војници го отслужија својот последен ден за Украина.

Над Украина изгреа втор ден инвазија

„Украина е оставена сама. Кој сака да се бори за нас? Не гледам такви,“ ќе изјави украинскиот претседател на синоќешната прес-конференција на која објави дека 137 украински војници загинале во борбите со руската армија, а 316 биле ранети.

Британија и САД почнаа да редат санкции против Русија

Главнината на санкциите што ги објави Џонсон се против вообичаените ентитети: руските банки, овој пат речиси сите, милијардери на власт и околу Путин, и воената и нафтената индустрија. Нешто сличен список извади и Бајден.

На земја ќе се бориме, помогнете ни во воздух

Направете забранета зона за летови над Украина за да ни даде можност да се бориме на земја, ќе побара утрово украинскиот парламентарец Алексеј Гончаренко во интервју за Фокс њуз. Неколку часа подоцна во Брисел истото го побараа и украинските дипломати.

Што се смени кај Путин од Крим 2014 до денес

Путин што го анектираше Крим се грижеше што ќе се случува утре. Путин што ја објави инвазијата на Украина се грижи што за него ќе пишува во учебниците по историја.

Западот главно мавта со прст кон Путин

Во телевизиско обраќање во 05:55 часот по московско време (03:55 македонско) Путин објави дека влегува во Украина. Од тогаш руските воени операции (гранатирање, десанти и освојување) не се застанати, а Западот не е престанат да му кажува на Путин дека ова што го прави не е убаво.

Русија удри на Украина

Рано сабајлево, Путин во телевизиско обраќање објави дека Русија започнува „специјална воена операција во Донбас“. Истата оваа операција САД, Западот и Украина, ја прогласија за почеток на руската инвазија на Украина. На терен колони руски тенкови ја минуваат границата со Украина, а руските проектили гранатираат десетици мети низ земјата.

Дали Европа ќе ја плаќа војната на Путин?

Кошмарниот исход е дека Европа ќе и воведе сериозни санкции на Русија, и на крај пак кај нив ќе заврши сметката за покривање на татнежот и тркалањето на руската воена машинерија на истокот од континентот.

Хрватите се шокираа од својот музички (не)вкус

Во својата едиција „Хитови од светот“ Билборд деновиве извади листа од 25 најслушани песни во Хрватска. Главно, она што стварно се слуша нема врска со она што се пушта по радија или се рецензира по медиуми. Под радарот на тисучљетните комплетно незабележано поминал трапот, оној најлошиот, со аутотјун и турбо-фолк. Тја!

Од санкциите ќе страдаат и обичните Американците

Тулси Габарт е поранешен воен офицер од Демократската партија, конгресменка од Хаваи и кандидат на последните избори кога на панелот ја раштрафи Камала Харис. Вика, на Бајден му е битно само да го казни Путин. Треба ги погледне Американците во очи и да им каже: Ова ќе ве чини толку и толку. 

Марин Ле Пен ја паузираше кампањата за да собира потписи

Кандидатката на Националниот собир (претходно Национален фронт) која минатите избори во втор круг изгуби од Макрон, сега не може да ги собере потребните потписи за кандидатура на изборите.

Санкциите лаат, доларите врват

Веројатно сосема нов круг на пекол е она што Украина го минува периодов додека од една страна треба да ја гледа Русија како константно и одзема територија, а од друга страна не смее да мрдне и треба да е задоволна од тоа што овие што најмногу треба да помогнат се пресреќни од симболичните потези и одлуки, од типот „многу строги санкции“ и „спремаме уште построги“.

Рацете настрана од Украина

Националниот суверенитет треба да биде неприкосновен принцип на светските политики. Ако националниот суверенитет стане стока за која може да се преговара, стока што може да се избрише по желба на Кремљ, Белата куќа или Европската комисија, тогаш во прашање е доведено постоењето на самата нација, а најмногу ќе страдаат демократијата и слободата.

Зошто левичарите молчат за репресијата на Трудо?

Работниците им беа миленици на урбаните елити кога во локдаун им носеа „соја лате“ на врата. Одеднаш, тонот се смени; човекот на Т овојпат не е Трамп туку Трудо. Толку ли не можеме да видиме дека за две години во Белата куќа може да се врати Трамп или некој сличен и да ја позајми тактиката на Трудо за да ги прегази Блек Лајвс Метер?

Директор на Фејсбук даде отказ заради педофилија

35-годишниот менаџер за развој на глобални заедници на Фејсбук, Џерен Мајлс, е главниот лик на едно 2-часовно сослушување направено од група аматери „ловци на педофили“.

Кредит Свис и моралниот банкрот на швајцарските тајни

Секој еден пат кога новинарите ќе го кренат плаштот на таинственост на финансискиот сектор, се открива мрежа на корупција и злонамерни активности, и секогаш неспоредливо побројни се сомнителни клиенти и семејства на диктатори, зачинето со неколкумина навидум почитувани политичари.

Русија, Донбас и Украина, утрото потоа

Вчерашниот ден на источниот фронт почна со состанок на рускиот Совет за безбедност, едно опсежно предавање од Путин на тема историја на Русија и Украина, и последователно признавање на независноста на двете украински сепаратистички републики.

Доњецк и Луганск признаени од Русија како независни држави

Кратко по состанокот на Советот за безбедност на Русија, Путин телефонски им соопшти на Макрон и Шолц дека ќе ги признае како независни сепаратистичките региони во Украина - Народните републики на Доњецк и Луганск. По ова имаше телевизиско обраќање кое го почна со тоа дека Украина е творба на комунистичка Русија.

Проклетството на пирамидалните пари на Берни Мадоф

Десет години откако изгуби милиони во имамничката понзи шема на нејзиниот брат, се уби/самоуби неговата сестра, решавајќи заедно со својот сопруг да си ги скратат маките. Претходно млади завршија двата сина на измамникот од Вол Стрит.