Сржта на западните санкции беше рускиот финансиски систем, олигарсите, армијата и нешто малку ситно од нафтената индустрија, „нешто што нивните автори и западниот печат сака да го нарече ’пеколни’.
Евгениј Проскурјаков во текстот за КП го даде својот список на контра санкции:
1. Стопирање на природниот гас и нафтата за Европа.
2. Лишување на Европа и Америка од рускиот титаниум.
3. Прекинување со извозот на Паладиум.
4. Протерување на западните компании од Русија.
5. Затворање на руското небо за западните авиолинии.
Првата ставка е очигледна и најболна за Европа, и не само заради природниот гас, туку и заради нафтата. Во 2021 Русија е најголемиот снабдувач со нафта на ЕУ. На 24 февруари германскиот министер за финансии изјави дека ако Русија го прекине снабдувањето со природен гас, економијата на ЕУ и Германија ќе доживее колапс.
Ако Русија зависи од Британија за авионски мотори (од Ролс Ројс), ЕУ и САД зависат од Русија за титаниум. Третина од титнаниумот шт Боинг го користи за изградба на своите авиони, го купува од Русија. Кај Ербас ситуацијата е полоша, и тоа изнесува две третини. Руската компанија ВСМПО-АВИСМА е светски лидер во прозиводство на титаниум, и на нејзе отпаѓа 25% од светскиот пазар на титаниум кој го извезува на 50 држави.
Ситуацијата е уште понеповолна со рускиот паладиум кој зафаќа речиси една половина од светскиот пазар, а паладиум е потребен за производство на авиони, автомобили, лаптопи, мобилни итн. Оваа санкција би важела и за Јапонија која прва реши да воведе санкции на Русија за високо-технолошка роба.
Во име на заштита на физичкото и менталното здравје од Русија да се протераат фирми како Мекдоналдс, Кока-кола и социјалните мрежи.
Кога Русија би ги лишиша светските авио-превозници од пристап до своето небо, може веднаш да се очекува зголемување на потрошувачката на гориво а со тоа и цената на картите. Или на пример, пристапот да им се забрани на холандските компании, а да руското небо и понатаму да биде отворено за малезиските „тогаш кој ќе има поскапи карти, и од кого ќе бегаат муштериите?“