Тулси Габарт:

Од санкциите ќе страдаат и обичните Американците

Тулси Габарт е поранешен воен офицер од Демократската партија, конгресменка од Хаваи и кандидат на последните избори кога на панелот ја раштрафи Камала Харис. Вика, на Бајден му е битно само да го казни Путин. Треба ги погледне Американците во очи и да им каже: Ова ќе ве чини толку и толку. 

„Реалноста вели дека санкции не функционираат, без разлика дали се воведени порано, сега или подоцна. Едноставно, санкции не функционираат. Тие само ќе ги зголемат страдањата и тешкотиите за американскиот народ.

Ова е главниот проблем со администрацијата на Бајден. Тие се толку фокусирани на тоа како да го казниме Путин што не им е грижа и не се фокусирани на она што всушност е во најдобар интерес на американскиот народ.

Кога Бајден стои таму и гледа во камерата, треба да гледа директно во очите на американскиот народ и да му каже: „Ова ќе ве чини“.

Од санкциите нема да страда тој, Камала Харис или моќната елита во нашата земја, нема да страда ниту моќната елита во Русија. Луѓето се тие што ќе страдаат, американскиот народ, рускиот народ, сите оние кои секојдневно се борат за преживување со цени кои постојано се зголемуваат на бензиска станица или во супермаркет“.

„Ова што го живееме сега, само ќе стане бетер“, рече Габарт кај Такер Карлсон.

 

**********

Види и:

Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис

23 февруари 2022 - 13:14