Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев

Слично на вицот за видовњакот што не можел да предвиди дека ќе биде удрен од кола, првиот човек на германското разузнавање заглавил во Киев откако бил изненаден од руската инвазија на земјата.

Изненадната руска инвазија во четвртокот наутро била идентично изненадна и за Бруно Кал, претседател на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД).

Кал во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија.

Откако германската министерка за надворешни работи ги повикала сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал.

По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина.

Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил на пат кон Полска и веќе би требало да е на тло на ЕУ.

25 февруари 2022 - 17:27