Телевизиското обраќање Путин го започна со тоа дека „Украина не е само наш сосед, туку неразделив дел од нашата историја, култура и духовен простор“ па продолжи со историска лекција за настанувањето на земјата и пораката дека Украина „е создадена од Русија, од комунистичка Русија“.
„Денешна Украина целосно основано може да се нарече 'Украина на Владимир Илич Ленин', тој е автор и архитект,“ изјавува Путин.
Рускиот претседател порачува дека и покрај овие факти, по распадот на СССР, Русија и нејзиниот народ ги признал и помагал новите држави. Тој ги потсетува и дека Русија ги исплатила сите долгови на Украина, додека Киев го користи дијалогот со Русија за ценкање со Западот.
Путин потсетува на времето на обединувањето на Германија, кога Западот дал ветување дека нема има никакво ширење на исток од Германија, што очигледно се нарушува. Во меѓувреме Русија ги исполнува сите обврски преку повлекување на својата војска од Источна Германија и Источна Европа, како дел од олеснувањето на товарот од Студената војна.
Тој дури и признава во 2000-та на затворен состанок го прашува Клинтон како САД би реагирале кога Русија би се приклучила кон НАТО, на што добил многу воздржана реакција.
По подолго излагање Путин објави дека ќе го потпише признавањето на Народна република Доњецк (ДНР) и на Народна република Луганск.
Кратко по ова руската телевизија директно се вклучи во церемонијата на потпишување на признавањето на кое учествуваа Путин од руска страна и лидерите на двете републики, Денис Пушилин на Доњецк и Леонид Пасечник на Луганск, од друга.
На телевизиското обраќање на Путин му претходеше состанок на Советот за безбедност на Русија каде беше гласано за потенцијалното признавање на ДНР и ЛНР.
На гласањето сите присутни гласаат за:
- Сергеј Лавров (мин. за надворешни работи) - за признавање.
- Александер Бортников (дир. на ФСБ) - за признавање.
- Сергеј Шојгу (мин. за одбрана) - за признавање.
- Дмитри Медведев (заменик претседател на Советот за безбедност) - доколку нема подобрува, за признавање.
- Вјачеслав Володин (претседател на Думата) - за признавање.
- Валентина Матвијенко (претседателка на Советот на федерацијата) - за признавање.
- Николај Патрушев (претседател на Советот за безбедност) - да му се даде на Бајден 2 до 3 дена, ако тоа не помогне, да се признае.
- Михаил Мишустин (премиер на Русија) - ако нема подобрување, да се признае.
- Сергеј Наришкин (дир. на надворешно разузнавање) - за признавање.
- Владимир Колоколцев (мин. за внатрешни работи) - за признавање.
- Игор Шцеголев - за признавање.
- Виктор Золотов (директор на националната гарда) - за признавање.
По состанок Путин за одлуката за признавање на Народните република на Доњецк и Луганск прво во директен телефонски разговор ги информира Макрон и Шолц. Во разговорот со двајцата европски лидери кои деновиве беа на состаноци во Москва со рускиот претседател, Путин без конкретизирање кога најавил дека потпишувањето следува „во блиска иднина“.
Во соопштението од Кремљ се наведува дека Макрон и Шолц „изразиле разочараност од таква одлука, меѓутоа изразиле подгтовеност да се продолжат контактите“.
По објавата, министерот за надворешни на ЕУ, Борел, порача дека ЕУ ќе и воведе санкции на Русија и во случај на анексирање и во случај на признавање на двете републики.
Признавањето на ДНР и ЛНР во пракса ќе значи дека Советот на Федерацијата ќе може да одлучи да им испорача вооружување на новите републики.
Во Доњецк речиси веднаш започнаа прославите:
Со одлуката на Путин се става крај на Договорот од Минск, а Украина технички влегува во војна со држави признаени од Русија како независни. По признавањето од рускиот претседател, Думата ќе мора да ратификува неколку меѓународни правни документи за комплетирање на истото.
Признавањето е осудено од НАТО и ЕУ, а претседателката на Европската комисија го нарече истото „безобзирно прекршување на меѓународното право, територијалниот интегритет на Украина и Договорот од Минск,“ порачувајќи дека тие и понатаму останваат солидарни со Украина.
Белата куќа објави дека Бајден ќе потпише решение со кое на американските граѓани им се забрануваат секакви инвестиции и трговија со Доњецк и Луганск. Дополнително портпаролката појасни дека ова не се санкциите кои и се спремаат на Русија „доколку изврши дополнителна инвазија на Украина.“
Целото обраќање на Путин: