Итно обезбедување на противвоздушна заштита и анти-ракетни системи, како и користење на сите достапни средства за блокирање на руските сателитски сигнали е барањето на украинските дипломати до членките на ЕУ.
Тие го испратиле список до ЕУ пред итниот самит закажан за денес, меѓу кои освен воената поддршка бараат и „најстроги мерки против Белорусија, која директно ја поддржа руската инвазија“.
Документот составен од украинските дипломати исто така повикува и на:
- Прекинување на софтверските лиценци за воената и цивилна опрема во Русија и Белорусија.
- Блокирање или попречување на руските сателитски системи над Црното и Азовското море.
- Користење на сите средства за блокирање на рускиот сателитски навигациски систем Глонас, вклучувајќи и блокирање на сигналот над Црното море, Азовското море, белорускиот и украинскиот воздушен простор.
Посебна ставка е ставање на крај на „вообичаениот бизнис“ со Русија и отворање на системот за итна помош на ЕУ за Украинците.
„Разбирам дека никој нема да се бори за Украина на тло, ние сме подготвени да се бориме за себе, ние сме горда нација и силна нација, но ни треба помош на небото, бидејќи Русија е многу помоќна во воздухот,“ ќе порача Гончаренко.