Вести

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Речник

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Америка зголемила увоз на руска нафта?

Додека ја води и оркестрира кампањата за санкционирање на изолирање на Русија, Америка не само што не престанала туку и го зголемила увозот на сирова нафта од Русија, тврдат десетина медиумски извори. За само една седмица, волуменот на увезената нафта наводно бил зголемен за 43%. 

Украина престана да регрутира странци волонтери

Иако борците им се неопходни, украинската војска одбива да ангажира западни волонтери кои од воено искуство имаат само волја и ништо повеќе, и да ги остави да гинат на војното поле „само за драматичен ефект“.

Половина од 20-те најбогати Руси санкциите не ги ни пипнале

Во трката да го притиснат рускиот претседател, САД, ЕУ и Британија почнаа со санкционирање руските олигарси и тоа по принцип секој по своја мерка. По ова половина од руските богаташи на денешен ден имаат исто санкции колку и пред да почне војната - нула.

Рамковен договор за ликовите на Дизни

Корпоративната директорка на Дизни вети дека ќе се залага во најскора иднина барем 50% од ликовите на Дизни да бидат репрезенти на расните малцинства и LGBTQIA (простете, ние после „Т“ престанавме да разбираме и да се интересираме за додаваните букви).

Што е со 9-те страници негативни нус-појави од вакцината на Фајзер?

Како дел од постапката за добивање дозвола за вакцината Фајзер до американската ФДА меѓу целата документација има испорачано и 9 страници со таксативно наведување на сите можни нус-појави што биле пријавени од нивната вакцина против ковид-19.

Пораз е што Путин не падна на блефот на НАТО

Моментот кога Путин не падна на блефот на НАТО и продолжи со инвазијата на Украина, е момент на поразот на Алијансата, порача британскиот генерал Ник Паркер, кој предложи нова и помала воена коалиција.

Медлин Олбрајт беше убиец

Медлин Олбрајт умре на 84 години. Таа беше пионер империјалист кој пасионирано се залагаше за користење на смртоносна сила во спроведување на глобален поредок пост-Студена војна доминиран од САД - и уби многу, многу луѓе во овој процес.

Рики Џервејс: Еве и од мене виц за алопеција

Најбруталниот водител на доделување награди од шоу бизнисот, кому, ако сите се како Вил Смит, требаше да му прават редаљка од ќотек, фрли сеир на одлепувањето на Вил Смит на забелешката за гологлавата сопруга (и тоа дури откако виде како таа реагира, првично и тој се смееше), башка што и самиот се има зезано со ќелавици (а боли за жена, м?) 

Белешките на Џо Бајден

Како не би се изрезилил пак, па цела негова администрација да треба да работи да спречи Трета светска војна, 79-годишниот Бајден на последната прес-конференција од своите советници беше попратен со точен текст што и како треба да каже околу последната работа што ја оплеска.

Кои се десетте најбогати руски губитници

За неполн месец имаат изгубено 39 милијарди долари. Но, десетте најбогати руски олигарси (со западен термин: претприемачи) имаат нето вредност од 186 милијарди долари, колку што изнесува пазарната капитализација на МекДоналдс, на пример.

Како Кисинџер стана човек на Кина

Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.

Црниот шамар на Оскарите е доказ за белите привилегии?

Нема агол од кој не се прокоментира скандалозниот шамар на Вил Смит за Крис Рок на доделувањето на Оскарите откако овој направи неумесна шала за жена му. Најјако е внесувањето на неизбежниот расен елемент во приказната, иако и двајцата протагонисти се црни. Е, баш затоа. 

Украинските девојки на мета на макроа

Се маскираат во волонтери или ги чекаат на граница со примамливи дестинации напишани на картони за по неколку дена да исчезнат. „Кога си на дното, без пријатели и пари, лесно можеш да правиш незамисливи работи,“ вели една волонтерка која и самата била намамена на проституција.

Шангај влезе во најголемиот карантин во Кина во последниве две години

Шангај до сега успеваше да ги смири потенцијалните жаришта на ковид-19 со локализирани карантини. Сега цел град од 26 милиони жители е ставен под клуч.

Како е да те снема

Крис Хеџис информираше дека од Јутјуб е тргната целата архива од неговото шестгодишно шоу „ON Contact“’за кое беше номиниран и за наградата Еми. Ама баш сè. „Поинформирано општество сме сега со ваква цензура?“, прашува 'исчезнатиот' некогашен долгогодишен дописник на Њујорк Тајмс.

Дубаи, новиот Лондон за руски олигарси

Како што Западот почна да им запленува имот и да им наметнува санкции на руските олигарси, така се повеќе јахти и приватни авиони на истите овие олигарси почнаа да се појавуваат во Дубаи, најверојатно на подолго време.

Човекот што ги хакна Самсунг и Нвидиа е 16-годишен дечко

Во Британија најверојатно „падна“ лидерот на Лапсус (Lapsus$) кој до апсењето успеа да изгради завиден список на хакнати компании и изнудени околу 14 милиони долари од истите овие компании, и сето тоа на 16 години.

Кој работел на отворање био-лаборатории во Украина a се презива Бајден?

Руската влада на прес-конференција тврдеше дека Хантер Бајден помогнал да се финансира американска програма за истражување „биолошки оружја“ во Украина. И ова беше очигледен дрзок обид на руска пропаганда против САД и Украина, се додека Дејли меил не го објави истото.

Каде ќе најде Бајден гас за Европа?

За време на посетата на Европа, Бајден во својство на дарежлив и милозлив спасител објави дека Америка ќе ја снабдува ЕУ со природен гас и со тоа ќе ја извлече од енергетската зависност од Русија.

Канаѓани не дознаа дека Трудо и надвор го сакаат многу

Светската јавност дозна колку лошо помина канадскиот премиер во Европскиот парламент каде неговата политика беше наречена диктаторска, срамна и опасна за демократијата. Не и Канаѓаните. Ним им беше кажано дека Џастин Трудо добил долготрајни овации. Во салата која беше празна.

Големата корална бариера побеле од топлото

Воздушни снимки покажуваат дека ниеден од 750-те корални единици кои го  сочинуваат големиот подводен гребен кај Австралија долг околу 1.200 километри, не ја избегнал топлината. Се работи за вонреден настан, во година во која коралите требаше да се подизладат.

Сите ние сме по малку Македонци

Сите ние по малку сме Македонци, сплетени од љубов, среќа и надеж дека еден ден ќе биде подобро, оти бетер не може. И како што би рекол Влатко откако трипати ќе чукне во дрво за среќа - тоа е тоа, тоа е сè. Вистина ли е така? Ќе видиме во вторник во Порто.

Епл измисли лизинг за Ајфон

Уште до крајот на годинава Епл би можел да почне да ги продава Ајфон и Ајпад како услуга за која ќе се плаќа месечна претплата, наместо како до сега да го купиш уредот.

Финска заплени 21 јахта за не дај Боже

Финска има ем долга поморска граница, ем долга граница со Русија, два фактори заради кои често пати на нејзините пристаништа знаат да се појават повеќе сомнителни јахти. Сега тоа веќе е проблем.