Четворица од петмината најбогати Руси не се на ниту еден список на санкции, а само тројца од вкупно 20 се опфатени со санкции од сите три страни.
Најбогат санкциониран Русин е Алексеј Мордашов, инаку трет по богатство во топ 20-те, сопственикот на еден од најголемите руски производители на челик Северстал ПЈСЦ, чиј имот беше замрзнат од ЕУ на 28 февруари, а од Британија две недели подоцна.
Ваквите дупки во листата експертите ги објаснуваат дека барем делумно се должат на уделот што некои од најбогатите Руси го имаат во огромните компании за енергетика, метали и ѓубриво.
Претпазливоста се должи и на искуството што САД го имаат во 2018 со санкционирањето на милијардерот Олег Дерипаска, кој е сопственик на најголемиот производител на алуминиум надвор од Кина. По неговото санкционирање веднаш скокнаа и глобалните цени на алуминиумот.
На страна топ 20, санкционирањето од САД, ЕУ и Британија не е синхронизирано ниту кај другите физички лица, па САД го имаат блокирано имотот на 852 лица, ЕУ на 775, а Британија 982. Од сите нив, само 294 лица се санкционирани од трите страни.
За експертите поделеноста ја поткопува ефикасноста на санкциите, бидејќи санкционираните би можеле да го искористат празниот простор што им е оставен.