
„Соединетите Американски Држави го зголемиле увозот на сирова руска нафта за 43% за само една недела“, изјавил заменик секретарот на рускиот совет за безбедност.
Некои медиуми го потврдуваат зголемениот американски увоз на руска нафта повикувајќи се и на податоци од Американската агенција за енергетика а се работи за скорешен период од 19 до 25 март 2022 година, недела во која Американците наводно увезувале по 100.000 барели руска нафта дневно. На почетокот на март увозот достигнувал и количини од 148.000 барели на ден.
„Американците ја принудија Европа да наметне санкци за Русија додека самите тие, не само што продолжија да увезуваат нафта од Русија туку и за само една недела го зголемија волуменот за 43%,“ рекол Михаил Попов во интервју за Комсомолска правда.
Интересно е што во првата година од претседателствувањето на Бајден, увозот на руска нафта била двојуно поголем во споредба со 2020 година, достигнувајќи 72,608 милиони барели. Исто така, Русија стои зад 20% од вкупниот американски увоз на петролејски производи.