Побелувањето на коралите е состојба кога тие ги губат своите природни бои заради некаков стрес, обично поради зголемени температури. Ова што сега се случува таму е шести ваков масовен настан, но прв во историјата во тн. Ел Ниња година.
Ел Ниња е атмосферски и океански феномен кој се смета за ладна сестра на топлиот Ел Нињо и ова требаше да биде таква година во која водите во Пацификот ќе се изладат за 3 до 5 степени.
Воздушните снимки покажуваат спротивна ситуација, коралниот гребен е побелен и се бара итна глобална реакција.
„Денешните температури се за 1,5 степен повисоки од оние од пред 150 години (види овде - н.з.). Заради тоа, очекувајте неочекувани работи. Мене веќе ништо не ме изнанедува“, изјави Дејвид Ваченфелд, главен научник во институтот кој е одговорен за големиот гребен, непроценлив елемент во целиот еко-систем.