Најбогатиот Русин, Владимир Потанин, има 35% удел во компанијата Норилск Никел, која се занимава со ископ и топење на никел и паладиум. Глобално се најголеми производители на паладиум кој се користи како катализатор но и на никел, есенцијален метал за батерии и обвновливи извори на енергија. Поранешен е потпретседател на руската влада, голем љубител на уметноста и дури скоро излезе од музејот Гугенхајм, кадешто беше управител 20 години.
На руските ултра-богаташи први им настрадаа запленетите супер-јахти и авиони. На петтиот најбогат Рус, Алишер Усманов, една помала јахта од 35 метри му се наоѓа на копно кај Муртер во Хрватска, а далеку поголемата му е запленета од германските власти. Станува збор за најголемата моторна јахта на светот, 156 метарската Дилибар која наводно чинела 800 милиони долари и во која со полно работно време работат 84 членови на посадата.
Некогаш најбогатиот човек на Русија, Роман Абрамович е поранешен сопственик на Челзи а Велика Британија го санкционираше додека се обидуваше да го продаде клубот за 3,9 милијарди долари.
Михаил Прохоров е основач на групацијата Онексим кој е влезена во банкарство, осигурување и недвижнини а десет години беше сопственик на Бруклин Нетс и нивната матична сала.
Од спортските фанови меѓу топ десеторката е и Владимир Лисин, претседател на Европската стреличарска федерација.
20-тина руски олигарси беа под санкции уште од анексијата на Крим, но хрватски лидер пишува дека овие луѓе имаат разработено доста шеми како да ги заштитат своите пари, со префрлање имот на други лица и вешто користење на даночните оази како што се Девствените или Кајманските острови.