Тинејџерот од Оксфорд наводно е накодошен од конкурентски хакери и е уапсен заедно со уште шестмина други.
Сите уапсени се на возраст од 16 до 21 година.
Таткото на детето за Би-би-си изјавува дека цело семејство било загрижено и се обидувало да го оттргне од пред компјутери. Според британски извори хакерот со он-лајн име „Вајт“ или „Бричбејз“ исто така има аутизам.
Детето чие име не смее да биде соопштено заради законски причини, посетува специјално училиште во Оксфорд.
„Никогаш не сум слушнал за ништо од ова до пред некое време. Тој никогаш не зборувал за хакирање, ама е многу добар со компјутери и минува многу време на компјутер. Секогаш мислев дека игра видео-игри,“ изјавил таткото.
Идентитетот на „Вајт“ бил откриен на хакерски сајт, откако се скарал со своите бизнис партнери. На сајтот биле објавени неговото име, адреса и фотографии од социјалните медиуми.
Истите објавиле дека тој до сега од откуп има насобрано над 300 биткоини (околу 14 милиони долари по сегашна вредност).
На списокот компании хакнати од групата Лапсус беа Самсунг, Нвидиа и Микрософт, секоја во различен обем.