Во Британија најверојатно „падна“ лидерот на Лапсус (Lapsus$) кој до апсењето успеа да изгради завиден список на хакнати компании и изнудени околу 14 милиони долари од истите овие компании, и сето тоа на 16 години.
Ајде од вториот дел: најбогатиот човек на светот кој располага со речиси неограничени ресурси за да се одбрани од хакирање, ем не успеа да се одбрани, ем му требаа долги месеци истрага (и неброени пари) за да открие кој му упаднал во телефонот.
Хакирањето странски финансиски институции и компании е претворено во доходовна гранка за севернокорејскиот буџет, поточно за неговата воена програма, покажуваат тајни документи на О.Н. што ги објавува Ројтерс.
Првите обиди за упад се направени во 2012, на сред од мандатот на Обама, и нема докази дека во тоа време хакерите на американската влада успеале да изгасат некој дел од електричната мрежа. Со доаѓањето на Трамп стратегијата преминува во отворен напад во кој сајбер силите на САД успеале да вметнат свој малвер во електричната мрежа и во други мети, открива Њујорк тајмс.
Откако ќе ја изберат, или добијат, метата, само е прашање колку ќе бидат упорни припадниците на ГРУ за да ја хакнат својата жртва која, како што покажа неодамнешниот случај во Холандија, сама нема нешто многу што може да направи околу тоа.
Не дека хакери можат да пројдат преку изолирбанот што го ставаш, ама во моментов имаат толку многу начини да те прислушуваат и снимаат што правиш, што лепенката единствено може да ги ти помогне да се чувствуваш подобро, и ништо повеќе од тоа.
Во процесорите на Интел откриени се два безбедносни пропусти кои на хакерите им дозволуваат да ја соберат комплетната содржина од речиси кој сакаат компјутер. И ова подеднакво важи и за мобилни уреди и за персонални компјутер и за серверите без разлика дали биле за облак или некоја друга услуга, и за Виндоус, Линукс и Мекинтош.
На само неколку дена пред инаугурацијата на Трамп, романски хакери упаднале во компјутерскиот систем на полицијата од Вашингтон одговорен за контрола на камерите за надзор.
Тазе признанието на рускиот хакер дека ги украл мејловите на Хилари по наредба на Москва, следува само неколку месеци откако американските медиуми објавија дека руски хакер одбил да прифати пари, државјанство и стан во САД, во замена за преземање на одговорноста хакирањето.
Во својата најевтина варијанта ви-фи ананасот чини 99 долари (во најскапата 299 долари), и му овозможува на секого да краде податоци од луѓе што се закачени на јавни ви-фи мрежи (кафулиња, ресторани, аеродроми и слично) без да има каков било физички пристап до рутерот.
Викликс објави масивна доверлива документација која претставува досега најголемото истекување информации поврзано со Американската Централна Агенција ЦИА. Што да ви кажеме, растурачина.
Пред некое време пишувавме дека од ноември годинава во пакет со позицијата Претседател на САД, заедно со Белата куќа и нуклеарните шифри доаѓа и непробоен (за хакирање) Андроид изработен од Боинг, а дополнително обезбеден од американската војска. На сметка на огромна нервоза на секоја можна безбедносна структура во САД Трамп одлучи да продолжи да го користи својот Самсунг смартфон.
Откако по новинари, експерти, ЦИА и разузнавачи, дојде ред и Обама да каже дека Москва стои зад хакирањето на мејловите на демократите, портпаролот на Путин порача дека САД мора или да покаже докази за тоа што го збори или да прекине.
Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.
Отприлика само телефонскиот број е доволен за хакер или кој и да е заинтересиран, да може да ги чита твоите пораки, да ги слуша разговорите и да те следи каде си.
Заклучокот на анализата на црниот пазар за хакери е дека периодов бизнисот одлично оди и дека никогаш не било поевтино да се украде нечиј идентитет, и ништо од тоа не е вештачко туку се базира на регуларна понуда и побарувачка.
Нема крвови, нема гадости, нема чудовишта, има еден новинар што оди на ДЕФ КОН (најголемата конференција на хакери) и ги предизвикува учесниците да го хакнат. Он нема претстава што ќе му се случи, вие немате претстава што ќе му се случи. Хорор и ужас.
Попладнето на 23-ти декември, десетици илјади жители на Киев и западните делови на Украина остануваат без струја. На техничарите им требаа повеќе од 6 часа за повторно целосно да ја вклучат струјата. За безбедносните сили нема сомнеж дека целата работа е дело на Русите.
Наспроти сите наши очекувања (базирани на Холивуд, игрици и книги) за тајни бункери или лежишта на ултра зли негативци, акцијата се спроведува од куќа во Шангај, во која се сместени пет припадници на крајно нехоливудски именуваната единица на кинеската армија - 61398. Од тука тие ги започнуваат сите напади.
Грешка во енкрипцијата наречена Heartbleed деновиве дига голема паника меѓу корисниците бидејќи се работи за една од најголемите безбедносни дупки во историјата на интернетот. Ние го проверивме нашиот сајт, Mashable се занимаваше со другите.
Хакерите не се најголемата закана за компјутерската безбедност, главниот проблем е многу поедноставен - заборавен телефон во автобус или лаптоп во такси.