Оваа единица успева да стигне до дузина тајни документи на повеќе американски компании, меѓу кои Alcoa, Westinghouse, United States Steel, Allegheny Technologies и неколку синдикати.
Според извештајот на администрацијата на Обама, Кинезите не направиле ништо револуционерно на тема хакирање, туку само добро и упорно користеле стари технологии како спиарфишинг (spearfishing). Целата процедура тука е испраќање мејлови со линкови или фајлови што содржат малвер кој ќе им дозволи пристап на напаѓачите до компјутерот на жртвата. Тука клучно е мејлот да изгледа како да е испратен од некој близок пријател или колега на жртвата.
Во 2008-ма, Кинезите испратиле мејлови до 19 високи менаџери на производителот на алуминиум Алкоа. За ова бил искористен мејлот на еден од членовите на бордот на директори на компанијата. Пораката вклучувала малвер кој бил вметнат во атачмент "преправен како агенда за годишниот состанок на бордот на компанијата." Нападот резултирал со кражба на повеќе од 2.900 мејлови и 863 атачменти, "вклучувајќи и внатрешни пораки меѓу менаџментот на Алкоа" во кој се разговарало за преземањето на Кинезите.
Во 2010-та, еден единствен вработен на United States Steel бил мета на ваков напад. На него му била испратена порака од меил на член на бордот на директори. Од овој напад хакерите извадиле "хостови и описи на повеќе од 1.700 сервери, вклучувајќи и сервери кои го контролирале физичкиот пристап до просториите на компанијата и мобилни уреди со пристап до мрежата на компанијата."
Во 2012-та по ист ваков напад Кинезите ги добиваат "мрежните пермисии на сите вработени" на Allegheny Technologies, компанија која работи во одбрана и изработка на "решенија за специјални материјали."
Кинезите имаат собрано и планови за изработка на нуклеарни централи од компанијата Вестингејт, кои се дел од 1,4 гигабајти податоци (околу 700.000 страници) што ги имаат украдено од компанијата.