Дмитри Песков порача дека е „недолично“ за САД „неосновано“ да го ја обвинуваат Русија за интервенирање во американските избори.
„Треба или да престанат да зборат или да покажат некакви докази. Инаку сето тоа почнува да изгледа недолично“, порача Песков.
Обама во четвртокот вети дека ќе ѝ биде вратено на Русија по извештаите дека таа била вмешана во американската претседателска кампања. Во октомври, кога американските разузнавачи објавија дека за хакирањето се виновни Русите, од Белата куќа ветија дека ќе следува „соодветен одговор“ на ваквиот напад, без притоа да наведат што точно ќе биде одговорот. Во дијагнозата на случајот експертите објаснија дека најверојатно е хакнат мејлот и на републиканците, ама тие содржини сè уште не се пуштаат во јавноста.
Си-ен-ен пренесува изјава на нивни избори според кои софистицираноста на алатките со кои е извршено хакирањето наведува на инволвираност на Путин. Конкретно, дека „во нападот нема отпечатоци од Путин, меѓутоа природата на операцијата е таква што таа морала да биде одобрена од највисоките нивоа на руската влада“.
Во неделата Трамп ги отфрли сите процени од разузнавачката служба, порачувајќи дека немало никакви докази дека Русија ги хакнала демократските мејлови.