Не се знае точно до каде е стигната оваа инфилтрација и што точно може да постигне малверот. Поагресивните напади на руската електрична мрежа се овозможени со законот од 2018 кој дозволува тајни онлајн кампањи за „одвраќање, заштита и одбрана против“ сајбер-напади без за тоа да биде потребно одобрение од претседателот. Токму заради ова се верува дека Трамп воопшто не бил известен за нападите.
На темата нема никакви официјални изјави, освен коментарот на советникот за национална безбедност, Џон Болтон, дека САД ги проширува своите потенцијални он-лајн мети за да ја предупреди Русија и други за својот потенцијал да возврати на напад.
Другите реакции околу хакирањето од американска страна е дека тоа само дополнително ќе ги натера Русите да се посветат на дигитални напади, а во друга верзија тоа се смета како успешен обид на САД да доведе до пат ситуација, а не да ја напне и онака напнатата состојба.
Во целосно неповрзани вести, за време на американските обиди на сила да го соборат Мадуро, цели региони на Венецуела мистериозно остануваа без струја.