Британската државна фирма за интернет безбедност чие претходно упаство ги охрабруваше корисниците да измислуваат долги и комплицирани лозинки сега бара луѓето да се вратат кон поедноставни пасворди кои екшаули можат да ги запамтат.
"Комплексните лозинки не ги фрустрираат напаѓачите а го отежнуваат секојдневието на обичните корисници. Тоа чини пари, одложувања, недоразбирања и ги тера луѓето кон потези кои дополнително ги носат во екстра ризик", порачуваат од англиската CESG, делот од Владиниот штаб за комуникации кој се занимава со информатичка безбедност
Тие апелираат лозинките драстично да бидат поедноставени за да не се доведуваат луѓето во ситуација да ги запишуваат на други места.
Ваквиот само на прв поглед чуден став има добра рационализација. Кога се бараат минимум 10 карактери, па да има голема буква, па да има бројка, па да има знак.... човек на крај добива толку апсурдна комбинација која просто не може да ја запамти па често се решава да ја запише на хартија, отворајќи дополнителен канал за влегување во неговиот интернет свет.
Последниве години имаше дузина звучни пробивања на пасворди од такви банални ситуации. Пасвордот за социјални мрежи на француската TV5 Monde, запишан на ливче, случајно беше фатен со камера за време на едно интервју.
Ок, ама немојте баш "123456" и "12345678."