Најлошите пасворди на 2012.

Вака стојат работите, ако имате некој од пасвордите што се на листава сами си го барате. И многу е веројатно дека до сега само мислите дека никој не ви го открил пасвордот.

Според годишната листа за најлоши пасворди на SplashData, компанија што се занимава со правење на апликации за менаџмент на лозинки, на првите три места се шампионите од лани - "password" "123456" и "12345678."

На топ 25 списокот има и 5 нови кандидати: "jesus," "ninja," "mustang," "password1" и "welcome."

Освен ставањето на покомпликувани лозинки од SplashData препорачуваат и користење на посебен пасворд за секој нов акаунт (нешто што веројатно никој не го прави) и користење на "пасворд фрази."

Комплетната листа:

1. password

2, 123456

3. 12345678

4. abc123

5. qwerty

6. monkey

7. letmein

8. dragon

9. 111111

10. baseball

11. iloveyou

12. trustno1

13. 1234567

14. sunshine

15. master

16. 123123

17. welcome

18. shadow

19. ashley

20. football

21. jesus

22. michael

23. ninja

24. mustang

25. password1

За да проверите колку време ќе му треба на некој да го открие вашиот пасворд, клик тука

Ова е најдоброто објаснување и решение за проблемот со лозинката, и сериозно препорачуваме да го користите:

via XKCD

 

29 октомври 2012 - 12:01