За ова дело се обвинети двајца Романци, едниот 25, другиот 28 години, кои месецов беа уапсени на аеродромот во Букурешт.
Мотивот им бил чисто финансиски и полициските компјутери сакале да ги искористат за испраќање рансомвер пораки на речиси 180.000 меил адреси. Во рансомвер нападите, најчесто во атачмент на меил се испраќа малвер кој комплетно го заклучува (енкриптира) компјутерот или одредени програми. Напаѓачите потоа бараат пари за отклучување на компјутерот.
На полициските компјутерите биле поставени две варијанти на „софистициран, малициозен компјутерски код“, едната е позната како „cerber“ а другата како „dharma“.
Двајцата Романци се обвинети за извршување на финансиска измама со користење компјутер, за што максималната казна е 20 години затвор.
Во сосема друга истрага околу рансомвер, месецов се уапсени уште тројца Романци кои заразувале компјутери со „Curve-Tor-Bitcoin Locker“ малверот. Овој малвер испраќа спам пораки кои изгледаат како да се од реномирани компании од Италија, Холандија и Британија. Откако атачментот во пораката ќе биде отворен на Виндоус компјутер тој ги енкриптира компјутерските фајлови.