
Според Privacy Rights Clearinghouse, на губењето или неправилното уништување на пишани документи, уреди како лаптоп, усб мемории или декстоп компјутери, отпаѓаат над 1.400 инциденти со крадење податоци од 2005-та до денес. Во нив биле загрозени над 180.000.000 посебни записи, меѓу кои и имиња, социјални броеви, адреси, информации за кредитни картички и друго.
Во споредба со ова, во истиот период имало 631 инцидент, кои од компанијата ги припишуваат генерално на "хакирање и малвер."
Во едно претходно истражување на Вол Стрит Журнал, 71% на ИТ менаџерите изјавиле дека внатрешните закани (вработени со пристап до податоци, што сакаат некако да и наштетат на компанијата) се најголемиот ризик за нивните компании.
Инаку, неодамнешниот инцидент со ЛинкдИн и објавувањето на податоците за членовите на социјалната мрежа покажа дека луѓето не пазат премногу на основната компјутерска безбедност. Дури две третини од лозинките биле со максимум 8 карактери, што ги прави прилично лесни за откривање.