Извештајот на Дел Секјурворкс покажува дека цената за купување на нечиј дигитален идентитет е во постојан пад, пред се заради поевтинување на технологиите за стигање до нив. Во исто време, постојан раст имаат цените за украдени податоци за банкарски сметки, пасоши, профили на социјални медиуми и слично. Се на се, "ова е одлично време да се украде нечиј идентитет и да се започне дигитален напад на жртвите."
Целиот бизнис се води на темната страна на интернетот, меѓутоа освен таа цака односите се крајно еснафски, продавачот гледа колку може повеќе да ги задоволи барањата на купувачите, групите хакери водат промотивни кампањи (како една руска хакерска група која нуди бесплатни тест хакерски напади) и постојат трендови кои се менуваат од сезона во сезона.
Годинава еден од најбараните производи се новите модели на "снимачи" на банкомати, уреди кои нелегално се монтираат на банкомат и ги снимаат податоците од кредитните картички. Цената на овој уред е 1.775 долари. Според извештајот на Дел, моментално цената на упатства за хакирање е најниска во последните три години - 19,99 долари.
Претходно имавме една показна вежба на темата тука