Самиот генерал Паркер признава дека неговата изјава е „контроверзна“ ама посочил дека алијанса со 30 членки меѓу кои САД, Британија и неколку европски држави, не успеале да ја спречат руската инвазија на Украина.
„Веројатно е малку контроверзно, ама НАТО е поразен. Блефот на НАТО не успеа.
Ние не успеавме да ја спречиме Русија да ја прегази Украина, и НАТО сега ја држи линијата од проширувањето во 2004, по линијата на Балтичките држави и Полска и Унгарија и Романија.
И сега треба да работи на одбрана на таа линија, што во воени термини би го објаснил како одбранбена позиција. И мислам дека нема капацитет за да се префрли на офанзива со 30 држави и секоја од нив со делумно различни гледишта.
Ни треба помала коалиција на нации кои ќе почнат да развиваат офанзивна контра-стратегија на Путин,“ изјавил генерал Паркер.
И покрај целата обука и наоружување што и го испрати на Украина, НАТО цврсто останува на тоа дека не се вмешува директно во судирот се додека Русија не стапне на територија на Алијансата.