Понесен од улогата на спасител што му ја доделија во Европа, Бајден во Полска порача дека Путин „не може да остане на власт“, за кога по некое време го препрашаа да го повтори истото и да изјави дека „не жали“ за изјавата што ја дал.
Сето ова значително ја крена работната температура на неговите советници и помошници, кои подоцна беа присилени да објаснуваат дека тоа што го кажал Бајден не значи дека американската држава или сојузници заговараат или работат на промена на власта во Русија.
Крајниот чин од ова беше изјавата на Бајден во која американскиот претседател објаснува дека тоа што го кажал не е провоцирање на Русија туку „многу повеќе е аспирација. Дека тој не треба да биде на власт. Луѓе како него не треба да владеат со држави. Факт е дека владеат, но тоа не значи дека јас не можам да го изразам мојот гнев околу тоа.“
„Му зборував на рускиот народ. Во последниот дел од говорот му зборував на рускиот народ, им кажував што мислам,“ порача Бајден.
Еден ден по ова Ројтерс извади фотка во која е фатен лист со отпечатени прашања што тој ќе ги добие и реплики што треба да ги каже на говорницата пред новинарите, под наслов „Поенти за прашањата и одговорите за Путин“.
На прашањето околу единственоста на НАТО, Бајден требало да одговори „Не, НАТО никогаш не бил повеќе обединет.“